by MIA | 23.Ное 2024 | Key Stories
Земјите членки на ЕУ го отфрлија предлогот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за прекинување на политичкиот дијалог со Израел поради случувањата поврзани со војната во Појасот Газа. Земјите на ЕУ остануваат длабоко поделени во врска со ситуацијата на Блискиот Исток.
by MIA | 22.Ное 2024 | Europe in brief
Муртезани посочи дека интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, не е само национален приоритет, туку и политичка стратешка цел што испраќа порака на надеж за целиот регион.
by MIA | 20.Ное 2024 | Europe in brief
Повторно ќе кажам, ние работиме на дневна основа со нашите сојузници. Ако не сме таму присутни тоа не значи дека не работиме. Телефонски разговараме со сите. Апсолутно со сите. Тука да немате дилема. Денеска моментално е таму министерот за надворешни работи, Муцунски и како прва земја од регионот потпишуваме Договор со високиот претставник, господинот Борел за безбедносна и воена соработка со ЕУ.
by MIA | 19.Ное 2024 | Europe in brief
Партнерството воспоставува платформа за зајакнат дијалог и соработка за безбедносни и одбранбени прашања, што ја одразува решеноста на двете страни да работат заедно за да се справат со заедничките безбедносни предизвици во сè посложена глобална средина,
by MIA | 14.Ное 2024 | Europe in brief, Europe in brief AI
Европската Унија предвидува седум проценти од вкупните средства од Планот за раст на Европската комисија за сите партнери од Западен Балкан, по усвојувањето на нивните реформски агенди, обезбедувајќи ги средствата како претфинансирање. Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години, појаснуваат од Министерството за европски прашања.