by MIA | 08.Ное 2024 | Europe in brief
Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувстуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна, европска приказна, а нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде, и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски.
by MIA | 07.Ное 2024 | Europe in brief
Некогаш ние бевме лидери во регионот во однос на исполнување на обврските, а денес имаме еден проблем, проблемот со Бугарија и како резултат на тој проблем, го поставив прашањето како ќе го калкулираме или како ќе мериме согласно системот на заслуги. Затоа тоа е нешто што треба да стои на страна и понатаму да се разговара, но приемот треба да биде заеднички на сите земји од Западниот Балкан, особено што, пак ќе кажам, станува збор за прашање коешто не можеме да го измериме и да кажеме дали Македонија направила се што треба или не направила, додаде Димитриеска-Кочоска.
by MIA | 06.Ное 2024 | Europe in brief
На прашањето дали може да очекуваме евентуална поддршка од САД во однос на можност за уставни измени со одложено дејство, односно нивно стапување во сила по завршување на преговорите, на што инсистира Владата, за деблокада на нашата евроинтеграција, и Наумовски и Трошановски не отфрлаат таква можност.
by MIA | 04.Ное 2024 | Europe in brief
Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат, изјави Орхан Муртезани
by MIA | 01.Ное 2024 | Europe in brief
Рокас потсети дека за време на посетата на Скопје минатиот месец, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен упати јасна порака дека „имаме јасна цел Кластерот „Основни вредности“ да се отвори што е можно побрзо“.