Ереван – Ерменските пратеници во среда, во последно читање, усвоија текст кој го повикува нивната влада да го започне процесот на пристапување кон Европската унија. 64 пратеници, од владејачката партија, гласаа за, а седум против.
Минатата година, петицијата која бараше почеток на процесот на пристапување собра околу 60.000 потписи во оваа земја со 2,7 милиони жители.
Повеќе од една и пол година, оваа поранешна советска република ги зголемува своите гестови на недоверба кон Русија, историскиот сојузник кој сè уште располага со воена база на ерменска територија. Москва, од своја страна, предупреди дека одењето кон европскиот блок може да ја чини скапо Ерменија.
Во јануари, премиерот Никол Пачинијан го поддржа проектот за кандидатура кон Унијата, но изјави дека пристапувањето „не може да се направи со закон или одлука на владата, одлуката за ова прашање мора да помине низ референдум“.
Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, во јануари изјави дека Брисел „би ја прифатил апликацијата за пристапување ако е направена“. (26 март 2025)