Братислава – Словачка Република и Унгарија се согласни дека во прашањето за војната во Украина се на странa на мирот и дека максимално го поддржуваат тоа што моментално го прави новата американска администрација и претседателот Доналд Трамп. Ова го изјави во четврток министерот за надворешни работи и европски прашања на СР, Јурај Бланар, на заедничка прес-конференција со унгарскиот министер за надворешни работи и за надворешни економски односи, Петер Сијарто, информира ТАСР.
“Конечно тука гледаме некое светло на крајот од тунелот, дека овој конфликт може да се заврши со дипломатски пат,” подвлече Бланар, кој истакна дека после три години јасно се покажало дека овој конфликт нема воено решение.
Според неговите зборови, на страната на ЕУ сé уште се гледа дека сакаат да го наметнат наративот на Брисел дека оваа војна во Украина може да се победи.
“Ние со тоа не се согласуваме. Се сложивме дека имаме исти поглед и дека ќе го поддржуваме тоа максимално во сите активности поврзани со тоа,” нагласи шефот на словачката дипломатија.
Бланар додаде дека сето тоа има огромно влијание врз односите внатре во ЕУ, вклучувајќи ја и економијата. Пред сé би се зачувале животи на двете страни, украинската и руската, со постигнување на мир.
Сијарто забележа дека изминативе три години европската политика го подклучуваше овој конфликт и ја загрози безбедноста и економијата на ЕУ.
“Брисел одлучи да ја продолжи оваа војна, ние го сметаме тоа за многу лошо и опасно. Во целост ги поддржуваме мирните иницијативи на Доналд Трамп. Ја поддржуваме и мирната преговарања помеѓу Русија и САД, кои ги сметаме за единствениот практичен пат,” додаде.
Шефот на унгарската дипломатија го нарече неприфатливо затворањето на веќе воспоставените транзитни цевки и нападот на енергетските транспортни треси. Според неговите зборови, скандалозно е што Европската комисија ги застапува интересите на Украина, а не на членките на Унијата. “Четирите точки гаранција од Брисел за Унгарија веќе не успеаа во две точки. Можеме да се одбраниме само самите. Затоа е потребна интензивна взаемна соработка помеѓу СР и Унгарија,” предупреди Сијарто со забелешка дека интерес на патриотските влади на СР и Унгарија е да има мир во нивното соседство и никој да не ја загрозува нивната сувереност. (6 Март)
“Конечно тука гледаме некое светло на крајот од тунелот, дека овој конфликт може да се заврши со дипломатски пат. После три години јасно се покажало дека овој конфликт нема воено решение.” Јурај Бланар