“`html
БРИСЕЛ/СОФИЈА – Блиску 22,6 % од искористената енергија во Бугарија во 2023 година е од обновливи извори при 19,04 проценти во 2022 година. Ова го покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат. Во минатата година Бугарија се наоѓа на 14-то место по овој показател меѓу државите од Европската унија (ЕУ).
Во 2023 година со најголем удел во Европската унија на искористената електроенергија од обновливи извори биле Шведска (66,4 проценти), Финска (50,8 проценти) и Данска (44,9 проценти). Со најмал удел биле Луксембург (11,6 проценти), Белгија (14,7 проценти) и Малта (15,1 проценти), покажуваат уште податоците на европската статистичка агенција.
Меѓувремено бугарскиот министер за енергетика Владимир Малинов и директорката за Бугарија во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Мануела Несл потпишаа дополнителен договор за обезбедување на техничка помош. Станува збор за обезбедување на техничка помош во насока на инвестицијата за национална инфраструктура за складирање на електроенергија од обновливи извори RESTORE, финансирана од Националниот план за обнова и одржливост (НПВО), соопшти Министерството за енергетика на Бугарија (МЕ).
Министерот Малинов изјави дека создавањето на национална инфраструктура за складирање на електроенергија е дополнителна гаранција за безбедност и одржливост на електроенергетскиот систем.
Во Бугарија над 150 предлози за близу 2,5 милиони евра се поднесени преку RESTORE. Неповратното финансирање е над половина милијарда евра, соопшти Министерството за енергетика во почетокот на декември.
Кон крајот на ноември Европската комисија одобри 590 милиони евра државна помош за инвестициите за складирање на енергија во Бугарија. Целта е да се додадат најмалку три гигаватчаса нови капацитети за складирање на електроенергија во бугарскиот електроенергетски систем, што да помогне за вклучување на поголем удел на обновливите извори на енергија во енергетскиот микс. Помошта ќе биде неповратна и отворена за сите технологии за складирање, потврди ЕК. (19.12.2024 год.)
“`