Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Штип – Европската Унија на 15 декември минатата година усвои Закон за искористување на критични минерални суровини. На листата се вкупно 34 минерални суровини кои треба да овозможат побрз индустриски и економски развој, но и земјите од овој континент да не бидат зависни од суровините од Кина и од Русија. 

Деканот на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Ѓорѓи Димов во видео интервју за МИА снимено во прес-центарот во Штип посочува дека овие 34 критични минерални суровини се основата за транзиција од фосилните горива кон зелената енергија. Смета дека овој закон треба да го донесеме и ние. 

– Европа е зависна од метали, зависна од минерали од остатокот од светот, а во последните неколку  години гледаме повеќе кризи. Прво беше Ковид пандемијата, којашто го намали транспортот, со што неколкукратно поскапеа цените, пред се мислам на бившите советски републики и Кина, како главни   извозници на овие минерали што ги користиме во индустриските процеси во Европа. Сега ја гледаме кризата во Црвеното море со Хутите и со намалениот транспорт и стравот на превозниците од евентуални напади. Сето тоа не става во позиција на ранливост. Значи европскиот пазар е ранлив, посочува Димов.

За револтот кај граѓаните и екологистите за отварањето на нови рудници поради тоа што во минатото дел од нив беа причина за неколку еколошки катастрофи, Димов вели дека го разбира нивниот револт, но дека за отварање на нови рудни наоѓалишта потребен е добар закон и мониторинг.

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.