„Должиме да се соочиме фронтално со зависноста на малолетниците од интернетот, како и да ја зајакнеме нивната заштита. Да го гледаме интернетот како дел од реалниот свет. Точно како што не би го оставиле 12-годишно дете да прошета самo низ Брисел без да ја познава градот, улиците, треба да ја чувствуваме истата одговорност кога му дозволуваме да прелистува интернет. Кога не знаеме што гледа, колку часа поминува или со кого комуницира на интернет“, истакна министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу, при претставувањето на Националната стратегија за заштита на малолетниците од зависноста од интернетот денес, во постојаната претставништво на Грција во Европската унија, во Брисел.
Според соодветната информација од министерството, г. Папастергиу истакна дека „европската унија мора да напредува во дух на соработка и сите заедно да ги надминеме сите пречки. Оптимистично е што се создава заедничко разбирање за толку важно прашање кое се појавило – не само во Грција или Европа, туку глобално: зависноста од интернет“. Продолжувајќи, подвлече дека: „потребно е да се преземеме дејствување. Секој ден што поминува, се повеќе и повеќе деца паѓаат се подлабоко во дигитална зависност. Ова е проблем што не можеме си дозволиме да го игнорираме. Ние немаме време за губење. Во Грција развивме Национална стратегија и технолошки алатки кои можат да ни помогнат. Тоа е приоритет за премиерот, Киријакос Мицотакис, кој ги поттикнува и поддржува сите соодветни иницијативи“.
Министерот за дигитално управување се осврна на Gov.gr Wallet, во кое веќе 5,2 милиони граѓани складираат дигитални документи, како лична карта и дигитален билет со кој влегуваат на стадионите. „Одлучивме да го прошириме дигиталниот паричник за идентификација на нашите деца на интернет. Секако, над сѐ треба да разговараме со нашите деца и да им објасниме дека вистинскиот живот не е на интернет, туку надвор. Очигледно не би било логично да им забраниме да користат мобилни телефони. Треба да најдеме рамнотежа во користењето на мобилниот телефон. На ова место доаѓаат програмите за родителски контроли. Такви алатки постојат, дури и бесплатни, но сфативме дека не се секогаш ефективни. Затоа одлучивме да дадеме продолжение на Gov.gr Wallet со лансирање на паричникот Kids Wallet, со цел да создадеме систем за родителска контрола кој е многу лесен за користење но и да се справиме со тоа што некои го нарекуваат “слонот во просторијата”, односно проверка на возраста“, спомена министерот.
„Како што сѐ повеќе и повеќе онлајн платформи во Грција и во светот бараат сигурни методи за проверка на возраста на корисниците, Kids Wallet може да биде многу корисна алатка за проверката. Ова покрај дигиталната употреба, може да се искористи и при трансакции со физички присутства“.
Специјален спомен министерот за дигитално управување направи за потребата од колективна акција. „Разбираме дека платформите не можат да создадат посебна апликација за секоја земја. Затоа мора да делуваме колективно и брзо, за да ја направиме проверката на возраста достапна на платформите. Веруваме дека платформите работат добронамерно и штом ќе можат точно да ја проверат возраста на корисникот, ќе обезбедат содржина која е соодветна за деца. Секако не е доволно да бараме од платформите да бидат одговорни. И ние мораме да покажеме одговорност. Можеме да обезбедиме моментална проверка на возраста и сите – влади и платформи – да се обврземе заеднички за заштита на децата. Секако, и родителите мораат да се однесуваат одговорно“, изјави тој.
Завршувајќи, министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу нагласи: „Борењето против дигиталната зависност бара координирани напори од сите земји членки на ЕУ и тесна соработка со локалните заедници, организациите и лидерите на индустријата. Грција е подготвена да спроведе секоја иницијатива што се подготвува на европско ниво. Веруваме во свет каде нашите деца ќе бидат сигурни и сме сигурни дека ќе успееме заедно. Станува збор за колективен напор и ни е потребна учеството и обврската на сите нас за да ја направиме оваа реалност“.
Од своја страна, Василис Куцумбас, советник za дигитална политика и примени на АИ на премиерот, се осврна на потребата од целни регулаторни интервенции на европско ниво, кои ќе ги покријат недостатоците во веќе постоечкиот рамка. „Задолжителните технички стандарди со цел пријателска и не-зависна архитектура на платформите од нивната осмисленост, како и воспоставување на европска возраст на дигитална зрелост на 15 години со цел одговорно користење, се потребни. Потребен е единствен европски одговор, кој ќе обезбеди јасни упатства и на платформите, за да овие предлози бидат применливи“.
Настанот привлече голема интересираност во Брисел. Презентацијата во зградата на постојаното претставителство на Грција привлече мнозински претставници од земјите-членки како и полското претседателство, луѓе од Европската комисија, големи технолошки компании како одговорната за владините односи на Meta во Брисел и одговорната за јавната политика и европските институции на Google, како и претставници од Digital Europe, Microsoft, и организации на граѓанското општество. (13/3/25)