ЗАГРЕБ – Проект на Министерството за внатрешни работи (МВР) чија цел е вклучување на недоволно застапените, промовирање на еднакви можности и поттикнување на чувство на припадност преку превенција на криминалитетот, вработување и ангажман во заедницата ја освои наградата на Европол за извонредност во иновацијата.
“Дел од проектот што се спроведува во рамките на МВР резултираше со вработување на полициски службеници и наместеници кои со инклузија и чувство на припадност даваат свој придонес за подобро чувство на безбедност на граѓаните”. Така е на пример во “2023 година вработени 260 лица со инвалидитет и осум полициски службеници од ромската национална малцинска заедница”, соопшти МВР.
Наведуваат дека во Хаг од 23. до 25. септември во организација на Европол се одржа годишната конвенција за време на која лидерите на полициите и царините на земјите-членки на ЕУ, како и на трети земји, како и лидерите на Европол и Интерпол дискутираа за бројни актуелни безбедносни теми.
За време на конвенцијата се одржа и натпревар за наградата на Европол за извонредност во иновацијата, а за која се натпреваруваше и проектот на Министерството за внатрешни работи “Можам како и тебе”.
Со гордост истакнуваме дека проектот на Министерството за внатрешни работи „Можам како и тебе“, кој се базира на иновативен пристап заснован на стратегија и практика на ЕУ, со цел вклучување на недоволно застапените групи и поединци и промовирање на еднакви можности и негување на чувство на припадност, освои награда за извонредност во категоријата “Иновативна иницијатива во областа на етиката, разновидноста и инклузијата”, соопшти МВР. (26 септември 2024)