Европската комисија во средата претстави акциски план за пристапна цена на енергија. Планот има за цел да им овозможи на жителите на ЕУ и на претпријатијата во унијата да ги намалат сметките за енергија дури и за 260 милијарди евра годишно до 2040 година.
Планот за акција за поевтина енергија, кој е дел од тоа во средата претставен и Чист Индусријален Договор, предвидува краткорочни мерки кои треба да им олеснат на земјите членки брзо намалување на енергетските трошоци, олеснување на унијалните потрошувачи и фирми кои се соочуваат со високи сметки, а заедно да и помогнат на целата Заедница во завршување на изградбата на енергетската унија и окончување на зависноста од увезени фосилни горива.
„За жал, во Европа сеуште купуваме гас од Русија, индиректно финансирајќи ја руската агресија во Украина. Од почетокот на војната увезовме фосилни горива од Русија вредни колку 2400 ловци F-35. Така не може да продолжи. Мораме да станеме независни од Русија“ – изјави комесарот на ЕУ за енергија Дан Јоргенсен на прес конференцијата во Брисел.
Во планот се наведени осум области на дејствување, по прво: намалување на сметките за енергија. Се проценува дека цените на малопродажба на енергија и цените на струја за индустрија речиси дуплосе, што ја изложува Европа на реален ризик од деиндустријализација и стопирање на нејзиниот економски раст и им штети на жителите. Според податоците на Комисијата, повеќе од 46 милиони Европејци се погодени од енергетска сиромаштија. „Високите цени на енергијата значат помала конкурентност. Плаќаме два до три пати повеќе за енергија во индустријата отколку нашите конкуренти во САД и Кина. Истовремено, нашите граѓани имаат потешкотии да ги плаќаат сметките за енергија. Речиси 47 милиони Европејци минатата година не беа во состојба правилно да ги загреат своите домови“ – изјави Јоргенсен.
Како што информираше Комисијата, на износот на сметките за енергија влијаат три фактори: трошоци за испорака на енергија, трошоци за одржување на мрежата и акцизите и даноците. И покрај зголемувањето на цените на енергијата на мало, предизвикано на пример од војната во Украина, и недостатокот на целосна интеграција на електроенергетскиот систем во ЕУ, како и зголемените мрежни такси ги подигнуваат цените на енергијата, а резултатот е високи сметки на Европејците. Новите решенија треба да им олеснат на потрошувачите да ги променат снабдувачите на енергија со поевтини и почисти извори на енергија, што ќе им овозможи на домаќинствата да заштедат на сметките дури и до 200 евра годишно.
Вториот елемент е намалување на трошоците за снабдување на енергија, меѓу другото, преку спроведување на долгорочни договори за снабдување, кои на крајот ќе помогнат да се прекине врската меѓу малопродажните сметки за енергија и високите и променливи цени на гасот; скратување на времето за издавање дозволи за обновливи извори на енергија и енергетска инфраструктура и понатамошна интеграција на енергетскиот пазар. Само тоа ќе и овозможи на ЕУ да заштеди во следните пет години до 40-43 милијарди евра годишно.
Подалечни активности вклучуваат поддршка на енергетската ефикасност преку олеснување на потрошувачите да пристапат до поефективни и издражливи уреди, што може да резултира со заштеди до 162 милијарди евра годишно во 2030 година, како и регулирање на цените на гасот во ЕУ меѓу другото преку контрола на пазарите на гас во Европа.
Важен елемент од планот е доставување на пристапна ценовна енергија за компаниите преку поголемо вклучување на енергетската индустрија, производителите на чиста енергија и јавниот сектор. Исто така беше објавено дека ќе се заврши изградбата на енергетската унија, вклучувајќи го проширувањето на меѓусистемските врски и зајакнување на мрежите и прекуграничната трговија.
Неопходно е и подобро подготвување на ЕУ за кризи. Комисијата се обврза да ги ажурира унијалните енергетски правила за да ги земе предвид појавувачките закани, како на пример кибер напади, напади на критична инфраструктура, акти на саботажа или притисоци од страна на извозниците. ЕУ исто така мора да ја зголеми својата подготвеност за можна кризна ценовна ситуација, затоа Комисијата ќе им достави на земјите членки на ЕУ упатства за поттикнување на потрошувачите, на пример за намалување на потрошувачката на енергија во пиковните часови.
Како што објави комесарот Јоргенсен во средата, сите тие активности ќе и овозможат на ЕУ веќе во 2025 година да заштеди 45 милијарди евра, а потоа заштедите ќе се зголемат на 130 милијарди евра годишно до 2030 година и 260 милијарди евра до 2040 година (26.02.2025)