Париз – Челичната индустрија која вработува повеќе од 300.000 луѓе во Европа, е загрижена поради зголемувањето од 25% на царинските давачки кои беа декретирани средином февруари во САД, и кои треба да стапат на сила на 12-ти март.
Исклучителна средба на европските министри е предвидена во четвртокот во Париз за да се обиде да “зачува челикот” на континентот каде што е роден.
Европската комисија реагираше на оваа најава со проценка дека таквите даноци не се “оправдани”, дека тие би биле “нелегални” и контрапродуктивни во економски план.
Според европскиот синдикат Еврофер, кој бара мерки за “заштита”, ЕУ би можела да изгуби до 3,7 милиони тонови извоз на челик кон САД, нејзиниот втор пазар за извоз.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчович се најде минатата недела во Вашингтон за да се обиде да ги намали тензиите.
Тој повика да не се целат еден кон друг на челик, потсетувајќи дека европското производство на овој метал, “многу специјализирано”, е “потребно на американските компании”. (25 февруари 2025)