СОФИЈА – Во Бугарија ќе биде изградена една од шестте нови европски фабрики за вештачка интелигенција (ВИ). За тоа соопштија от Претставништвото на Европската комисија (ЕК) во Софија.
Заедничкото претпријатие за европски високопроизводителни компјутерски технологии “ЈуроЕјчПиСи” (EuroHPC) избра останатите нови фабрики да бидат во Австрија, Франција, Германија, Полска и Словенија. Изградбата ќе биде поддржана од заедничка национална и европска инвестиција за 485 милиони евра.
Бугарската фабрика за вештачка интелигенција “Бреин++” (BRAIN++) ќе биде сместена во Софија Тех Парк и ќе се состои од суперкомпјутер од следната генерација и центар за ВИ за сервисирање на едно место на владините, образовните и приватните друштва. BRAIN++ ќе работи со други фабрики за ВИ низ цела Европа и ќе поттикнува етички и одговорни практики во областа, се спомнува во соопштението.
Од Софија Тех Парк дополнија дека Бугарија добива проект со финансирање од 90 милиони евра во натпревар со некои од најразвиените земји, благодарение на заедничката работа и постигнатите резултати со Институтот за компјутерски технологии и вештачка интелигенција (INSAIT). Бугарската влада го поддржа проектот со обврска да обезбеди 50 проценти национално финансирање од 2026 година. Рокот за извршување на проектот е три години.
Предвидено е тимот на INSAIT да допринесува за изградба на модели за земјено набљудување, роботика, големи јазични модели.
Суперкомпјутерот Discoverer++ ќе располага со системи за работа со ВИ, специјализирани за роботика, сателитски набљудувања на вселената и апликации за брзопотрошни стоки. Во бугарскиот центар BRAIN++ се предвидува создавање на работно просторија за облачно базирана средина за мали и средни претпријатија, пристап до масиви од податоци, организирање на програми за обука на експерти.
Создавачката мрежа од 13 европски центри за ВИ се очекува да го зајакне водечкото место на Европа во областа на иновациите и ВИ. Предвидено е центрите да понудат пристап на старт-ап претпријатија во областа на ВИ и на малите и средни претпријатија, што ќе го поттикне нивниот раст. (12 март)