Посетата на комесарот за трговија Марош Шефчович во САД не резултираше со договорот кој го сакавме – изјави во четвртокот портпаролот на ЕК Олоф Гил. Тој додаде дека сепак придонесе за зајакнување на односите со новата администрација на САД.
Шефчович во последните денови беше во САД каде се обиде да ги убеди претставниците на новата администрација дека воведувањето на давачки на ЕУ е штетно за двете страни.
Гил рече дека посетата на комесарот дозволила повторно презентирање на униите аргументи во Вашингтон во врска со прашањата за трговија и тоа „зошто сметаме дека давачките и одмаздните давачки се штетни и никому не му донесуваат корист, и зошто во нашиот заеднички интерес сакаме да најдеме договори кои се од корист за двете страни, а не вакви мерки и одмаздни мерки“.
„Контактите меѓу Европската Унија и администрацијата на САД продолжуваат и се надеваме дека ќе доведат до резултати од типот кои ги спомнуваме, а не спротивното“ – додаде тој.
Комесарот за трговија моментално е во Кина. Разговорите ќе се однесуваат, меѓу другото, на „можности“ во трговските односи на ЕУ со Кина.
„Тоа вклучува низа приоритети во кои Европската Унија сака да направи напредок, како што се взаемност, транспарентност, пристап на поцврсти основи до кинеските пазари, на пофер правила за нашите компании“ – рече тој, не давајќи детали.
Портпаролот на ЕК исто така беше прашан за новите најави на САД за воведување на дополнителни давачки на увезените возила. Гил го нарече тоа „акт на економско самоповредување од страна на Соединетите Американски Држави“.
„Од денеска ќе се подготвуваме за (…) пропорционален, силен, добро калибриран, добро целен одговор на сите идни мерки кои ги објават Соединетите Држави, а конечниот список на производи за кои предлагаме на нашите членови да применат мерки за одбрана ќе биде така избран за да направи максимален влијание врз Соединетите Држави и да го минимизира влијанието врз нашата европска економија“ – објасни тој.
Меѓутоа, не даде датум кога може да се очекува реакциjaта на ЕУ. „Можам да уверам дека таа ќе биде навремена, силна, добро калибрирана и ќе го достигне прогнозираниот ефект“ – заклучи тој.
Администрацијата на САД објави во среда дека на 2 април ќе воведе 25-процентна давачка на сите увезени моторни и лесни камиони. Досегашната стапка изнесуваше 2,5 %.
Претседателот на Комисијата за меѓународна трговија на Европскиот парламент, европратеникот Бернд Ланге (S&D), оцени дека „претседателот Трамп самостојно направи секој нов автомобил во САД значително поскап. Под лажен претекст на националната безбедност и користејќи критериуми создадени од воздухот, претседателот Трамп се обидува да оправда секакви видови незаконети и штетни тарифни мерки, не земајќи ги во предвид штетното влијание врз работниците, претпријатијата и, пред сѐ, потрошувачите“ – оцени.
Според неговото мислење „очигледно треба да дојдеме до ескалација, пред САД да бидат спремни да седнат на маса и да преговараат“. „Едно е јасно: нема да дозволиме САД да применуваат присила кон нас. Подготвени сме за секоја опција и ќе одговориме цврсто и силно. Нашите мерки за одбрана во однос на челикот и алуминиумот не се доволни. Ако САД нелегално ги нападнат нашите основни економски интереси, ЕУ треба да стави на масата давачки на дигиталните услуги, во кои САД имаат огромен суфицит (во трговијата – PAP)“ – истакна тој.
Американските давачки на возила треба да стапат во сила на 2 април, заедно со „взаемните давачки“ кои теоретски треба да ги испорачаат тарифните стапки што ги користат други држави. Трамп го нарече овој ден „ден на ослободувањето на Америка“.
Претседателот оцени дека оваа одлука ќе предизвика странските компании да зголемат производство на автомобили во САД, а други да ги пренесат своите фабрики таму. Давачките – како што додаде – треба да донесат 100 милијарди долари на буџетот, се „постојани“ и нема да има никакви исклучоци од нив.