“`html
“Денеска префрливме 3 милијарди евра на Украина. Станува збор за првата исплата на европскиот дел од заемот кој беше договорен од страна на членовите на Г7”, рече портпаролот Мацеј Берестецки за време на дневниот прес брифинг на Комисијата.
“Со оваа поддршка, Украина ќе може да ги исполни своите буџетски потреби за 2025 година”, рече портпаролот. Парите ќе помогнат на Киев особено во “чување на својата макроекономска стабилност, обновување на критичната инфраструктура што беше уништена од Русија и приоритизирање на важните расходи, вклучувајќи ги и оние за одбрана”.
Г7 минатата година се согласи да додели заем од 45 милијарди долари на Украина, кој се финансира со профитите од околу 210 милијарди евра замрзнати руски средства што се наоѓаат во ЕУ, главно кај куќата за хартии од вредност “Еуроклир” во Белгија. Европската унија се обврза да префрли преку 18 милијарди евра.
Плаќања ќе следат меѓу март и ноември, со по 1 милијарда евра месечно, стои во соопштението за медиумите. Во декември ќе се префрлат последните 6,1 милијарда.
“`