“`html
Љубљана – Министерството за кохезија и регионален развој на Словенија одобри европски средства за конкурс за кофинансирање на енергетска обнова на згради во сопственост и употреба на општините меѓу 2023 и 2027 година во износ од 30 милиони евра. На конкурсот, кој ќе биде објавен предвидено на 20 декември, ќе бидат достапни вкупно 34,5 милиони евра.
За јавниот конкурс, кој ќе го објави Министерството за животна средина, климатски промени и енергија следната седмица, кохезискиот фонд и европскиот фонд за регионален развој придонесуваат поголемиот дел односно 30 милиони евра, соопштија од Министерството за кохезија и регионален развој.
Во рамките на конкурсот ќе бидат доделени средства од европската кохезиска политика на општините за кофинансирање на оправданите трошоци во рамките на два сегмента кои се однесуваат на згради во (со)сопственост и употреба на општините. Целта е поголема енергетска ефикасност на зградите.
Првиот сегмент опфаќа целосна енергетска обнова на зградите, додека вториот ја вклучува изградбата на нови уреди за производство на електрична енергија од соларна енергија, според концептот на самоодржлива електрична енергија. (12 декември)
“`