Стокхолм – Шведска и шест други земји сакаат ЕУ да направи повеќе против криминалните мрежи. Тие, меѓу другото, ја повикуваат Европската комисија да види што може да се направи за да се спречи употребата на пиротехника во експлозии.
Ова е нешто за што се залага шведската влада, бидејќи се покажа дека многу од неодамнешните експлозии се направени со бомби изработени од моќна пиротехника увезена од други земји на ЕУ.
“Јас и мојот холандски колега, кој исто така има многу негативни искуства од експлозии, ја истакнавме потребата да се заостри регулацијата на ниво на ЕУ кога станува збор за пиротехниката”, вели шведскиот министер за правда Гунар Стрьомер, по состанокот со претставници од останатите шест земји во шпански Кадиз, каде што декларацијата беше усвоена.
Во неа, Комисијата, меѓу другото, е повикана да ги вклучи во новата стратегија за внатрешна безбедност на ЕУ мерки против онлајн регрутирање на деца и млади од страна на криминалните банди.
Шведска од 2024 година е член на европската коалиција против организиран криминал, заедно со Белгија, Франција, Холандија, Италија, Шпанија и Германија.
(14 февруари)