Прага – Односот на Чесите кон Европската унија, според агенцијата СТЕМ, повторно се подобри и во некои области минатата година имаше најмногу проевропски расположени луѓе во последните неколку години. На пример, со членството на земјата во ЕУ беа задоволни 51 процент од јавноста и за останување на ЧР во унијата би гласале три петини од граѓаните во можен референдум, што беше најмногу од 2019 година. Четвртина од луѓето минатата година се изјаснија за воведување на еврото во републиката, при што сличен удел последен пат беше забележан од страна на агенцијата пред 11 години. Ова произлезе од истражувањето, чии резултати СТЕМ денес ги достави до ЧТК.
Според аналитичарот на СТЕМ Мартин Кратохвила, намален е бројот на луѓе расположени против ЕУ и покрај тоа што кај чешката јавност преовладува скепсата над домашниот развој. “На расположението на јавноста и особено на вкупното лошо расположение, сè уште се одразуваат неодамнешните кризи, главно таа инфлациската. Полошо од фактичката финансиска состојба на домаќинствата е, сепак, трајниот впечаток дека нашата земја не успева и дека не оди во вистинска насока,” рече Кратохвил.
Од аспект на ставот кон ЕУ и кон Европа, аналитичарот го смета за интересно тоа што значително повеќе Чеси се чувствуваат како Европјани, отколку што чувствуваат симпатии кон ЕУ. Како Европејанин се изјасниле во последното истражување на СТЕМ 72 проценти од луѓето, исто како и во 2021 година. Меѓугодишно се зголемил уделот на луѓето кои се чувствуваат Европјани за два поени. За останување во ЕУ би гласале околу десет процентни поени помалку луѓе и задоволството со членството во ЕУ го изјавиле уште десет процентни поени помалку луѓе. Сепак, дури и тие во споредба со претходните години се зголемиле.
Бројот на Чесите кои изјавиле дека би гласале за останување во унијата во можен референдум се зголемил меѓугодишно за четири поени на 60 проценти и за шест поени на 51 процент се зголемиле оние кои се задоволни со чешкото членство во ЕУ. Ставот на Чесите кон прифаќањето на еврото според аналитичарите е стабилно низок, причината според нив е и тоа што Чесите го поврзуваат еврото со поскапувањето и чувството на загуба на дел од националниот идентитет. Сепак, поддршката за прифаќање на европската валута постепено расте и минатата година се зголемила меѓугодишно за четири поени на 25 проценти.
СТЕМ го направи истражувањето минатата година во периодот од 29 август до 8 септември меѓу илјада луѓе постари од 18 години. За споредување користел и постари податоци од истражувачката серија Трендови, која е реализирана со споредлива методика меѓутоа исто така меѓу илјада испитаници. (23 јануари)