Битола – На граѓаните им е потребен европски стандард и европски вредности, а претстојните избори се клучни за иднината на државата и од нив зависи дали ќе останеме на патот кој води кон просперитетна, развиена и европска држава, порача претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.
– Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија, рече Ковачевски.
Според Ковачевски, СДСМ е единствената партија која ја постави визијата за европска иднина на нашата земја и која работи на нејзино исполнување.
– Овие избори се клучни за иднината на нашата држава и на нашите деца и внуци. И овој пат тоа е навистина така. Од овие избори зависи дали ќе останеме вистинскиот пат кој води кон просперитетна, развиена и европска Македонија или ќе дозволиме Мицкоски и ДПМНЕ да нè заглават во калта на безнадежноста и безизлезноста, додаде Ковачевски.
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.