Воведувањето на санкции од страна на САД врз Меѓународниот кривичен суд (МКС) ја загрозува неговата независност и го подрива целиот меѓународен систем на правосудство во кривични случаи – изјави во петокот претседателот на Европскиот совет Антонио Коста. За воведувањето на реторзии одлучи претседателот Доналд Трамп.
“ЕУ и понатаму се залага за завршување на неказнивоста и осигурување дека сторителите на сите прекршувања на меѓународното право ќе бидат повлечени на одговороност” – потенцираше Коста.
Трамп во четвртокот потпиша уредба за воведување финансиски и визови санкции на МКС и лица кои му помагаат на судот во гонењето на Американците и претставниците на израелските власти и други сојузници на САД. Тоа е реакција на издавање налог за апсење на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.
Коста, како претседател на Европскиот совет, кој е домаќин на самити во ЕУ, се сретна тој ден со претседателката на МКС Томоко Акана. Тој при таа прилика потсети дека МКС игра клучна улога во спроведување на правдата за некои од најстрашните злосторства во светот. (07.02.2025)