Будимпешта – Судот на Европската унија (СЕУ) пресуди дека „противречи на европското право“ уредбата која беше објавена на почетокот од 2022 година од страна на националистичкиот премиер Виктор Орбан и која беше насочена кон регулирање на комерцијализацијата на неколку основни производи, како што се шеќер, брашно или млеко.
Според овој текст кој е во сила до јули 2023 година, дистрибутерите беа обврзани да „понудат за продажба претходно определена количина по регулирана цена“, потсетува Судот во соопштение.
Осудена на казна за непочитување на дневните количини, австрискиот синџир супермаркети Spar започна процедура пред унгарскиот суд, кој реши да го праша Судот во Луксембург.
Оваа уредба “штети на слободната конкуренција” и не е “пропорционална” на постигнатите цели, пресуди СЕУ во својата одлука. Будимпешта го обвини Судот дека „се приклонува на страната на мултинационалните корпорации гладни за профит“, критикувајќи го Spar кој, според нив, се обидува да „си го врати загубеното во судовите“ наместо да ја „врати својата конкурентност“. (12 септември 2024 година)