Брисел – Словачка, која има свои претставници на 17. Европска конференција за вселенско пространство во Брисел (28. – 29. 1.), слично како другите партнери од ЕУ земјите, е подготвена да извлече придобивки од развојот на вселенските технологии. Ова го изјави Михаил Брихта, директор на индустрискиот сегмент на Словачката вселенска канцеларија во рамките на агенцијата САРИО на настанот Словачки Космик во Брисел 2.0, кој се одржа на пресрет на конференцијата на местото на Постојаното претставништво на СР во ЕУ, информира известувачот на ТАСР.
На Европската конференција за вселенско пространство има свое претставништво и Европската комисија (ЕК). Оваа година на настанот учествуваат извршната потпретседателка на ЕК Хенна Виркунуенова, шефицата на дипломатијата на ЕУ Каја Каласова и еврокомесарите Андриус Кубилиус, Костас Кадис и Екатерина Захариева.
Брихта потсети дека, слично како пред пет години, и сега целта на настанот што Словачката вселенска канцеларија го подготви со Постојаното претставништво на СР во ЕУ, Амбасадата на СР во Белгија, СЛОРД и Претставништвото на Трнавскиот самоуправен регион во ЕУ, е да го доближат до Европејците словачкиот вселенски сектор и да покажат каде се поместил за последните пет години.
“Сакавме да покажеме успех кој во последно време го остварија словачките фирми и истражувачи. За пет години забележавме значителен пораст, што се однесува до бројот на фирми, од 20 на 50, кои денеска во Словачка се вклучени во различни области на вселенската економика,” објасни Брихта.
Според него станува збор за развој и производство на сателитски хардвер и компоненти за сателитски системи или област на оддалечено набљудување на Земјата и користење на сателитски податоци и сигнали за разни технички апликации во области како критична инфраструктура, земјоделство или паметни градови и паметен транспорт. Тој нагласи дека вселенските технологии денеска го модернизираат животот на луѓето, морскиот, воздушниот и патниот транспорт, метеорологијата, банкарските операции и меѓународната трговија.
Брихта исто така истакна и на растечкиот значај на активностите во областа на вселенската безбедност, кои помагаат да се заштитат вселенските технологии од вселенски отпад или соларна активност.
“Целта беше да им покажеме на нашите странски партнери, особено на големите фирми кои се лидери во вселенската индустрија, што знае Словачка да понуди во оваа област,” рече Брихта.
Европската комисија веќе неколку години укажува дека во наредната иднина заработките на ЕУ од вселенската економија ќе се бројат во милијарди евра. Брихта потврди дека целта на словачкиот “вселенски екосистем” е да учествува и на профитабилноста што ќе ја генерира вселенскиот развој, за да Словачка не биде само растечки корисник на вселенски технологии, што всушност денеска е секоја земја. Зашто вселенските технологии стануваат сè повеќе интегрирани во нашето секојдневно живеење.
“Сакаме да бидеме на страната на давателите, оние кои можат да понудат решенија. Затоа соработуваме со словачки фирми, на кои им помагаме да влезат во овој свет, да ги идентификуваат, со што можат да придонесат во оваа домена и кои нивни компетенции можат да ги претворат во реални активности во вселенската економика. Се работи за фирми од софтверската, електротехничката и машинската област,” ја опиша ситуацијата. Според него, Словачката вселенска канцеларија помага да се влезе на словачките фирми во “тешко проникливите” вредносни и доставни синџири и да се воспостави неопходна меѓународна соработка во оваа бранша. (29. јануари)