Брисел – Шведска, Данска и Норвешка заедно против опасни производи од глобални онлајн продавници.
Трите земји, преку нивните министри за животна средина, заеднички дејствуваат со цел да поттикнат ЕУ да преземе посилни мерки против големите продавници како Temu и Shein. На пример, сакаат да биде испитано дали е можно да се забрани поставувањето на одредени производи за продажба.
“Глобални онлајн платформи како Temu и Shein го преплавуваат пазарот со производи кои не се безбедни за потрошувачите и нашите деца. Нешто мора да превземеме во врска со тоа”, вели норвешкиот Андреас Бјеланд Ериксен пред состанокот на ЕУ во Брисел минатиот четврток, рамо до рамо со шведската Ромина Пурмохтари и данскиот Магнус Хеунике.
“Станува збор за многу сериозни работи за кои забележуваме дека овие платформи не сметаат дека имаат одговорност. Потоа, за законодавците е битно да преземат чекор напред и да го решат овој проблем пред да се прошират во нашето општество”, рече Пурмохтари.
Европската комисија уште во почетокот на февруари беше известена за заострените контроли на пакетите од Кина поради критиките кон токму Temu и Shein.
Шведска, Данска и Норвешка сега сакаат Европската комисија дополнително да го испита како онлајн продавниците ги промовираат своите производи.
(27 март)