Париз – Францускиот специјалист за ураниум, Орано (поранешен Арева), во понеделникот објави дека има обезбедено заем од 400 милиони евра за својот проект за зголемување на капацитетите за збогатување со Европската банка за инвестиции (ЕИБ), што го означува нејзиното враќање на француската нуклеарна сцена.
Овој заем со времетраење од околу 25 години ќе финансира дел од проектот за проширување на фабриката за збогатување Georges Besse II, која се наоѓа во Трикастин во јужна Франција, претставувајќи вкупна инвестиција од 1,7 милијарди евра.
ЕИБ, финансискиот претставник на Европската комисија, немаше поддржано проект во нуклеарниот сектор во Франција од 2008 година. Финансирањето на нуклеарките историски е предмет на дебата во рамките на ЕУ.
Според Никола Маес, генерален директор на Орано, зголемувањето на овие капацитети “ќе овозможи 120 милиони домаќинства да бидат снабдени со нискојаглеродна енергија”.
Инвазијата на Украина во февруари 2022 година ја истакна потребата да се намали зависноста од рускиот гигант Росатом за циклусот на гориво на нуклеарните централи. (10 март 2025)