БРИСЕЛ/СОФИЈА – Подобрувањето на положбата на земјоделците во синџирот на снабдување со храна е меѓу приоритетите на Бугарија во областа на земјоделството. Ова го изјави министерот за земјоделство и храна Георги Тахов пред Советот на ЕУ за земјоделие и рибарство во Брисел, цитирано од Министерството за земјоделство и храна.
“Потребно е прецизирање на текстовите за договорите помеѓу земјоделци и купувачи, претворање на писмените договори во општо обврзување, како и воведување на задолжителни механизми за медијација помеѓу земјоделците и купувачите”, рече министерот Тахов во рамките на дебатата за измена на Регулативата за општата организација на пазарите. Во позицијата на Бугарија се предлага големината на финансиската помош за групи и организации на производители, различни од секторот на овошјето и зеленчукот, да биде зголемена на 10 проценти од вредноста на понудената на пазарот продукција.
По темата за подобрување на зелената архитектура на Општата земјоделска политика министерот Тахов посочи дека може да се предвиди можност за плаќање кое го надминува компенсаторниот карактер, како дополнителен стимул за земјоделците. Промените во еколошките обврски треба да бидат насочени кон правични финансиски стимули, кои ќе им се дадат на земјоделците врз основа на ефективно мерливи според јасна методологија активности, од корист за животната средина и општеството, рече министерот Тахов.
Со оглед на претстојното преразгледување на мерките според Спогодбата за асоцијација со Украина, министерот Тахов истакна дека за Бугарија е од суштинско значење да се договорат еквивалентни стандарди за производство на земјоделски продукти и ефективни заштитни мерки и клауза на претпазливост во однос на продуктите, кои се чувствителни за пазарот на ЕУ или на одделните земји-членки. Тахов ги истакна неопходноста да има активен мониторинг и да бидат поставени работни инструменти, кои ќе бидат активирани при потреба од заштита на европскиот пазар.
Апелираме Комисијата да усвои балансиран и одржлив пристап, кој ги зема предвид потребите на земјоделскиот сектор во ЕУ, дополни министерот за земјоделство и храна.
Во текот на дебата за потребата од поефикасна борба против нелојалните трговски практики и спречување на злоупотребата на доминантната позиција во синџирот за снабдување со храна, министерот Тахов изрази поддршка за предлогот за спроведување на анализа и консултации од Европската комисија со земјоделски производители и други заинтересирани страни. “Трудот на земјоделците мора да биде награден и заштитен во синџирот за снабдување, за да се зачува нивното живеење и одржливоста за обезбедување на хранителната безбедност во нашите држави”, рече министерот Тахов. (28 јануари)