Полска ја поддржува апелот на Марио Драги за зголемување на европскиот буџет – рече во разговор со ПАП заменик министерот за развој и технологија на Полска Игнаци Немчицки. Драги зборува во овој контекст за заедничко издавање на долг, но навистина нема значење како ќе го направиме тоа – подвлече.
Според неговата оцена, извештајот би бил пополн ако ја земе предвид перспективата на нашиот регион.
Немчицки во четврток ќе учествува во Брисел на состанокот на министерите на ЕУ за конкурентност, кои ќе го разгледаат извештајот подготвен од Драги, поранешниот претседател на Европската централна банка, за иднината на европската економија.
Според Драги, ЕУ се соочува со “егзистенцијален предизвик” за зголемување на својата продуктивност и без тоа нема да може да го финансира европскиот социјален модел. Полска се најде меѓу 20-те земји кои пред четврточниот состанок испратија апел за прашања кои Драги ги прескокна, вклучувајќи го значењето на внатрешниот пазар на ЕУ.
“Извештајот дава многу точна дијагноза за состојбата на конкурентноста на европската економија. Тој е исто така шанса конечно сериозно да разговараме за тоа во Европа”, рече Немчицки за ПАП. Моментот, според него, е добар, затоа што сè повеќе луѓе се свесни дека иднината на европската економија можеби нема да биде розова. Според заменик министерот, Драги успеал да предизвика позитивен интерес.
Како позитивно, заменик министерот за развој оценува дека Драги го забележал дека предизвик е високата цена на енергијата. “Високите цени на енергијата не се специфика само за Полска, туку за цела Европа. Во Европа, тие се највисоки во споредба со Азија или САД. Тоа директно влијае на конкурентноста, а особено на енергоинтензивните индустрии”, рече заменик министерот за развој.
Според Немчицки, важно, посебно од полска перспектива, е и предупредувањето на Драги за деиндустријализацијата која ќе резултира од декарбонизацијата во сегашната форма. Затоа во извештајот, меѓу другото, се појавува прашањето за понатамошни бесплатни дозволи во (ЕУ системот за тргување со емисии – ПАП) ETS.
Како што рече заменик министерот, Полска го поддржува повикот на Драги, европскиот буџет да биде поголем. “Тој зборува за заедничко издавање на долг, но навистина нема значење како ќе го направиме тоа. Едноставно ни требаат повеќе пари во европскиот дворец”, подвлече.
Немчицки нагласи дека Полска, независно од владеењето на другите држави, го подигнува овој предлог многу години. Сепак, тој не се изјасни еднозначно за идејата за заеднички долг, бидејќи – како што подвлече – “уште не е момент за тоа”. Тој го поддржа предлогот за мобилизирање на приватни фондови како што тоа се случува во САД.
Во својот извештај, Драги исто така повика на промени во самата структура на европскиот буџет. Според поранешниот претседател на ЕЦБ, парите од политиката на кохезија, на кои Полска е најголемиот корисник, треба да служат за трансформациони цели во енергетиката и новите технологии. “Тоа е токму тој аспект кој недостасува и каде работата не беше изведена. Во овој смисол, ги разбирам сите оние кои велат дека Драги се консултирал недоволно со нашиот дел од Европа”, рече Немчицки.
Како што подвлече, во извештајот не се забележува дека политиката на кохезија беше инструмент за економски раст во нашиот регион во последните 20 години. “Примерот на Полска, каде од 1989 година до денес сме една од економиите кои најмногу пораснаа во светот, покажува дека политиката на кохезија навистина може да го поддржува економскиот развој и тоа на суштински начин. Извештајот би бил пополн ако ја вклучуваше оваа перспектива”, подвлече заменик министерот.
Тој уверуваше дека дискутираните промени ќе се покажат успешни само ако сите региони во Европа ќе имаат корист од нив. “Ако ќе има корист само неколку региони, тогаш општеството и економијата ќе се разишат. Ќе се појават закани за демократијата”, рече.
Според заменик министерот, треба поголем акцент да се стави на отстранување на бариерите за малите и средни претпријатија и на продлабочување на внатрешниот пазар, особено пазарот на услуги. “60 проценти од бариерите на пазарот на услуги денес се истите бариери кои беа пред 20 години. Дополнителни независни анализи покажуваат дека продлабочувањето на пазарот на услуги ќе донесе годишно меѓу 250 и 450 милијарди евра на европскиот БДП. Сепак, тоа е политички проблем, дел од земјите членки се занимаваат со заштита на своите пазари”, рече заменик министерот. Во овој контекст, тој го нарече извештајот на Драги неизкористена шанса. (26.09.2024)