Полската делегација во Европската народна партија во Европскиот парламент во средата поднесе барање за свикување на специјален состанок на Комисијата за слободи на граѓаните ЛИБЕ во врска со повторното воспоставување на граничните контроли од страна на Германија. Не можеме да го осудуваме Орбан, а да ги затвараме очите пред Германија – рече за ПАП евроратениот Бартломеј Сјенкевич.
Предлогот на полската делегација беше претставен на средбата во средата на групата на Европската народна партија (ЕНП) во Брисел од страна на Сјенкевич. “Сакаме Европскиот парламент институционално да се занимава со тоа што се случи во Германија. Се разбира, ЛИБЕ (Комисија на Европскиот парламент за слободи на граѓаните, правда и внатрешни работи – ПАП) е тука природен избор” – рече за ПАП европратеникот од ПО.
Станува збор за одлуката што ја најави во понеделникот министерот за внатрешни работи на Германија Ненси Фрејзер за повторното воведување на привремени контроли на сите копнени граници на таа земја од 16 септември. Ограничувањата првично треба да важат половина година, иако во јавноста веќе се појавија шпекулации дека тие може да траат и две години, односно до стапување во сила на новиот миграционен пакт на ЕУ. Ненадејната одлука на Германија предизвика гнев кај дел од земјите на ЕУ, вклучувајќи ја и Полска; премиерот Доналд Туск го нарече овој потег “неприфатлив”.
Според прописите за Шенген зоната, на која и Германија е членка, земја членка има право привремено да врати контроли на своите внатрешни граници, но под услов мерките да се “неопходни” и “пропорционални”.
Полската делегација во ЕНП ги изрази своите сомнежи во неопходноста од воведувањето на ограничувањата, поради што предложи темата да ја испита ЛИБЕ.
“Сакаме да ги утврдиме основните факти. Кои беа причините за воведување на такви драконски мерки? Зошто европските партнери не беа претходно информирани за оваа намера, за да можат да се подготват и да влезат во дијалог со германската страна? Зошто ограничувањата беа воведени толку долго, и какво значење ќе имаат за безбедноста на Германија?” – наведе во разговорот за ПАП Сјенкевич.
Како што потенцираше политичарот, европратениците не исклучуваат дека Германија има сериозни причини за повторното воведување на контроли, но веруваат дека овие причини треба да бидат преставени – особено поради шпекулациите дека ова е реакција на изборниот пораз на актуелната владејачка коалиција во две покраини во источниот дел на Германија, каде победи крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).
“Тоа е премногу важна, премногу голема земја во ЕУ, за да може да се помине дневниот ред без да се обрне внимание на ваков драстичен потег на германските власти. Особено затоа што постои основано сомневање дека овој потег е диктиран не од некаква посебна наплив на бегалци, туку едноставно од постизборна политичка паника” – коментираше Сјенкевич. Доколку ова сомневање се покаже точно, тоа ќе значи дека противниците на миграцијата од АфД веќе постигнаа успех, иако уште не ги добиле изборите.
Како што истакна, не може да биде така што ЕУ го осудува премиерот на Унгарија Орбан за протест против миграциската политика на ЕУ и заканите за испраќање на автобуси со мигранти во Брисел, а да ги затвара очите пред фактот што една од најважните земји на Унијата воведува забрана на своите граници.
Полската делегација ПО-ПСЛ информираше дека ја чека одговорот од шефот на ЕНП Манфред Вебер, претседателот на ЛИБЕ, Шпанецот Хавиер Зарзалехос (и тој од ЕНП) и координаторите на ЕНП во оваа комисија. Според календарот, следната средба на ЛИБЕ ќе се одржи на 30 септември. Сепак, не е познато дали темата за Германија ќе биде внесена во дневниот ред. “Тој би бил пристоен термин” – оцени Сјенкевич.
Во вторникот повторното воведување контроли од страна на Германија го коментираше портпаролот на Европската комисија Анита Хипер, која информираше дека ЕК доби информации од Германија и сега ја проучува “основаноста и пропорционалноста” на воведувањето на контроли на границите од страна на оваа земја. (11.09.2024)