“`html
Берлин/Брисел – На Германија и се закануваат проблеми со новите европски правила за долгови поради лошата економска состојба – и покрај почитувањето на долгорочното ограничување на долговите. Германската влада размислува затоа да побара од Европската комисија повеќе време за прилагодување на своите трошоци, изјавија извори во германското Министерство за финансии. Наместо четиригодишен план, Германија би можела да воспостави седумгодишен план за буџетот.
Причина за проблемите е првенствено тоа што долгосрочно дури и со оптимално оптоварување на германската економија се очекува само скромен раст. Во Министерството се истакнува дека државните финансии на Германија и натаму се цврсти благодарение на почитувањето на долгорочното ограничување. Се потребни посмели финансиски и економски политики за да се намали долгот на 60 проценти од економските перформанси, што е вкоренето во европските договори. Германија сака да ги почитува новите правила по секоја цена, исто така и за да ја оправда својата улога како пример, велат извори од Министерството.
Според правилата на ЕУ за долговите, секоја држава членка на ЕУ мора заедно со Европската комисија задолжена за надзор, да утврди четиригодишен план за буџет, за да се обезбедат цврсти финансии. Под одредени услови, планот може да се прошири на максимално седум години – но земјата мора да се обврзе на реформи и инвестиции кои го поттикнуваат растот. (16 октомври)
“`