Ова е првиот проект за збратимување на ЕУ во поддршка на Магистратската школа во Албанија. Благодарение на оваа иницијатива, албанските магистрати ќе имаат можност да искористат експертизата на Француската Национална Школа за Судство, Италијанската Школа за Магистрати и Холандската Школа за Тренинг на Судиите и Обвинителите.
Проектот има за цел зајакнување на правниот систем преку зголемување на вештините на албанските судии и обвинители.
“Инвестирањето во Магистратската школа значи инвестирање во консолидирање на Правосудната Реформа. Магистратите кои излегуваат од оваа школа се кичмениот столб на правосудниот систем. Со нивниот професионализам, интегритет и независност, тие имаат важна улога во патот на Албанија кон ЕУ,” изјави на церемонијата по случајот, амбасадорот на ЕУ во Тирана Силвио Гонзато.
Од своја страна, албанскиот министер за правда, Улси Мања, изјави дека почетокот на програмата за збратимување, финансирана од Европската Унија, означува важен чекор во насока на подобрување на квалитетот на нашиот правен систем и зголемување на стандардите на тренинг за новите судии и обвинители. (30 септември)