Лондон – Британскиот премиер Кеир Стармер се сретна во четвртокот во Лондон со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за договор кој би можел да овозможи учество на Обединетото Кралство во европска воена програма.
“Ќе разговараме за изработка на стратегиски партнерски договор во областа на безбедноста и одбраната, кој би можел да отвори пат за заеднички нарачки и учество на Обединетото Кралство во нашиот програм +Safe+”, изјави Урсула фон дер Лајен пред нејзината средба со лидерот на лабуристите во Дауннг Стрит.
Таков договор би можел да им користи на одбранбените компании од другата страна на Ла Манш, како што се BAE Systems и Rolls-Royce.
Соочена со руската закана и ризикот од американско повлекување, ЕУ го дизајнираше механизмот “Safe”, кој предвидува заеми од 150 милијарди евра и треба да овозможи заедничко финансирање на набавки и инвестициони проекти во Европа во областа на одбраната.
Учеството на Обединетото Кралство е подложно на потпишување на договор за партнерство во областа на безбедноста. (24 април 2025)