Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Реформата на уставното судство е една од најважните, бидејќи Уставниот суд игра многу важна улога не само за обезбедување на владеењето на правото, туку и за заштита на европските вредности, а реформата треба да одговори како најдобро да се заштити независноста и интегритетот на Уставниот суд во едно опкружување кое постојани се менува.

Ова го истакна амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас во воведното излагање на тркалзената маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ што се одржа во Уставниот суд, чија цел евда отвори дебата меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд.

Рокас истакна дека Уставниот суд не е само уште една институција во едно демократско општество, тој е заштитник на Уставот, на законитоста и на основните права и слободи на секој граѓанин. Неговиот авторитет, непристрасност и отпорност се исклучително важни за владеењето на правото во земјата, и, потенцира, многу важен чекор за патот на државата кон членство во ЕУ. 

– Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото, нешто што им е потребно на граѓаните. Тоа е реформа во која Уставниот суд исто така треба да одигра многу важна улога. Од тие причини ЕУ го поддржува Судот во неговата работа и ги зајакнува неговите капацитети. Ја поддржуваме Северна Македонија да изгради силни, независни и кредибилни институции, рече Рокас.

Тој посочи дека не е на ЕУ да препорача дали треба или не треба да се носи закон за Уставниот суд, бидејќи ЕУ го поддржува процесот кој е транспарентен, инклузивен и кој се потпира на дијалог, а кој на крај ќе ја зајне довербата во Уставниот суд, неговата независност и кој ќе рабвоти во согласност со европските стандарди и најдобрите практики. 

Воведни обраќања на дебатата имаа и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.и амбасадорките на Германија и САД во Скопје, Петра Дрекслер и Анџела Агелер.

На собирот беа презентирани и наодите од Анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена во рамки на проект финансиран од ЕУ. (28 април 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.