БРИСЕЛ/СОФИЈА – Бугарската позиција е дека САД треба да останат во сите формати за безбедност, без САД Европа е слаба, изјави премиерот на Бугарија Росен Жељазков пред новинарите во Брисел, каде што стигна за учество во вонредната седница на Европскиот совет, посветена на безбедноста и Украина. Многу време ќе биде потребно Европа да се обиде да го постигне тоа што партнерството во НАТО и во билатерална смисла ни го даваат САД. Се надеваме дека САД ќе останат ангажирани со нашата колективна безбедност, базирана на вредности, додаде премиерот.
Преговорите за безбедноста на Европа треба да бидат од Европа и за Европа, рече Жељазков. Бугарија има силна воена индустрија, која треба да ја развиваме, да ја модернизираме и да придонесуваме за севкупната европска безбедност. Имаме јасна национална позиција дека финансирањето не треба да ги засегнува кохезионите фондови на ЕУ, посочи премиерот по повод предлозите на Европската комисија за преоружување на ЕУ. Според неговите зборови Бугарија ќе предложи неискористените средства од механизмот за обновување и одржливост да бидат искористени во бугарската економија за одбранбениот кластер.
Сè што Бугарија го презела како ангажман, и со актите на парламентот, ќе биде исполнувано, изјави тој во одговор на прашање за бугарската помош за Киев. Важно е да учествуваме во сите формати кои ја гарантираат безбедноста на унијата, посочи премиерот по повод иницијативите на францускиот претседател Емануел Макрон.
Жељазков објасни дека разговорот му претходно денес со украинскиот претседател Володимир Зеленски беше по иницијатива на украинскиот државен претседател. Казавме дека сме со Украина, затоа што веруваме дека принципите на меѓународното право треба да се почитуваат и да гарантираат на секоја држава што ги прифати принципите на ООН за суверенитет, територијален интегритет и независност. Ние би додале и демократија, рече Жељазков.
Пред два дена премиерот Жељазков повика на Совет за безбедност при Министерскиот совет, на кој беа поканети сите парламентарно претставени партии со цел да ја дискутираат геополитичката ситуација и произлегувачките од неа закани за националната безбедност. По состанокот, премиерот изјави дека учесниците во Советот се собраа околу разбирањето дека праведниот и долготраен мир може да се постигне како мир преку безбедност за Украина и за ЕУ. Многу јасно беше изјавено дека Бугарија не може да си дозволи ниту активно, ниту пасивно да биде ставена во ситуација да го избере својот став и однесување за војната во разни тенденции изразени од ЕУ и од САД. Ние ги разгледуваме како сојузници во НАТО и како заеднички гарант за заштита на нашата национална безбедност, коментира Жељазков.
Позицијата ни за Украина е единствено можната правилната моментно, коментира пред новинарите во парламентот лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. Тој коментира и претставениот од претседателката на Европската комисија (ЕК) план за преоружување на ЕУ во висина до 800 милијарди евра. На овој Совет може да се случи, дека во солидарност со Украина, може да направиме така што Европа ќе стане посилна воено. Ова всушност сакаат и САД од нас, за да бидат Европа и Америка рамноправни во НАТО, коментира Борисов.
Бугарија треба да биде во центарот на Европа, да ја заземе европската позиција. Не може да биде во перифериите на Европа и тоа е не само економска цел – за еврозоната, но веќе и цел за безбедноста на нашата држава, изјави во парламентот сопретседателот на „Продолжуваме со промените“ (ПП) Кирил Петков. Верувам дека Бугарија треба да застане многу цврсто на европската позиција, додаде Петков.
Од партијата „Възраждане“ не направија коментар по Советот за безбедност, но пред неколку дена, по средбата меѓу претседателите на САД и Украина Доналд Трамп и Володимир Зеленски, од партијата изразија пълна подкрепа към Тръмп „в стремежа му да възстанови световния мир“.
Претседателот на парламентарната група на „ДПС – Нов почеток“ Делян Пеевски ја определи бугарската позиција како „безгръбначна“. Ние ќе бидеме категорички против било каква помош, сите пари треба да бидат за бугарските граѓани, сè треба да остане внатре во Бугарија, одговори Пеевски на прашањето за помош за Украина.
Позицијата на БСП е јасна од самиот почеток. Ние уште во првите денови на овој конфликт изјавивме дека треба колку што е можно побрзо преку дипломатски средства да се постигне мир. Затоа што оваа војна навистина не води до ништо добро – не само во Европа, туку и во светот, изјави претседателот на парламентарната група на „БСП-Обединета левица“ Драгомир Стойнев пред Советот за безбедност.
Нашата позиција во врска со војната во Украина треба да се изгради во рамките на Европскиот совет, каде премиерот Жељазков вложува значителни напори Бугарија да има достојна позиција да биде на масата на преговорите, изјави Валентин Тончев од името на ПГ на “Демократија, права и слободи”-ДПС. Мирот е безалтернативен, но тој не може да се постигне без Украина на масата и без медијаторската улога на ЕУ, додаде тој.
„Има таков народ“ не коментираше бугарската позиција по Советот за безбедност, но лидерот на партијата Слави Трифонов напиша пост на социјалните мрежи по средбата Зеленски-Трамп. Има војна, која се води на 400 км од нас и таа треба да се запре. Усилијата на сите луѓе, кои имаат можност да влијаат на тоа, треба да се насочени именно кон една цел — војната да се запре, изјави тој.
Бугарија треба ново наоружување. Позицијата на МЕЧ е категорично за мир – воените дејствија во Украина треба да престанат, рече пред Советот претседателот на парламентарната група на „Морал, единство, чест“ Кирил Веселински. (4-5-6.03.2025 г.)