Париз – „ Јас (…) предложив да се преземат санкции против одговорните за злоупотреби против цивили по алауитскиот брег во Сирија“, изјави во понеделникот францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро во порака објавена на X, без повеќе прецизирање.
Тензии започнаа на 6 март во едно село со мнозинство алауити во провинцијата Латакија, во Сирија, по апсењето на едно лице кое било барано од безбедносните сили.
Ситуацијата брзо ескалирала во судири кога вооружени мажи од муслиманското малцинство алауити, кои властите ги окарактеризирале како лојални луѓе на Башар ал-Асад, отвориле оган на неколку позиции на безбедносните сили.
Цивили од заедницата на алауити, на која припаѓал Асад, потоа биле цел на напад, како одмазда.
Според Сириската опсерваторија за човекови права (СОПЧ), најмалку 1.476 цивили, во големо мнозинство алауити, биле убиени.
ЕУ има намера да обезбеди скоро 2,5 милијарди евра во меѓународна помош на Сирија оваа година и следната година. (17 март 2025)