Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје, – Северна Македонија, во втората половина од март, годинава, ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западниот Балкан (WB6), посветен на Планот на Европската комисија за раст на регионот. 

Како што соопшти Министерството за европски прашања, одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план.

-Оваа одлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство, стои во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот. (28 јануари) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.