“Промоција на слобода на изразување во Албанија преку Отворен дијалог” финансиран од Европската Унија и Советот на Европа е најновиот проект во Албанија што има за цел да започне процес на отворен дијалог за ангажирањето на Албанија за да се адресираат клучни прашања поврзани со слобода на изразување и слобода на медиумите.
Проектот беше презентиран од аудиторите каде се формираат идните новинари, на Факултетот за новинарство на Универзитетот во Тирана.
Некои од прашањата што ќе се третираат во програмата се сопственост на медиумите и независното новинарство, безбедност на новинарите и прекршување на слободата на печатот, како и пристап до информации.
Делегацијата на ЕУ беше среќна да соработува со Советот на Европа во олеснувањето на овој дијалог меѓу сите медиумски актери и владата.
Амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, кој присуствуваше на започнувањето на проектот, изјави дека овој проект е можност за вистински пристап на целото општество кон реформите што Албанија треба да ги усвои во медиумскиот сектор.
“Сите релевантни актери можат да се обединат за да одлучат за најдобриот модел што му одговара на албанскиот контекст, поддржан од најдобрите практики и стандардите на земјите членки во Европската Унија. ЕУ е посветена да ја поддржи Албанија во оваа сложена задача”, истакна Гонзато.
“Нема пат кон интеграција во ЕУ без слобода на изразување како основно право во демократско општество”, изјави амбасадорот на ЕУ, Силвио Гонзато. (3 февруари)