Брисел – Словенија ги следи случувањата во европската автомобилска индустрија, која е во неволја, изјави државниот секретар во словенечкото Министерство за економија Матеўж Франгеж при пристигнувањето на состанокот на министрите на ЕУ, одговорни за конкуренција. Тој потенцираше дека треба да се стремиме да ја засилиме позицијата на Словенија во автомобилската индустрија, при што комуницираат со различни актери.
Како што рече Франгеж, Словенија очекуваше дека европската автомобилска индустрија поради доаѓањето на нови технологии и нова конкуренција ќе се соочи со структурни проблеми. Состојбите ги следат на ниво на пазари, клучни за Словенија, и на ниво на клучни купувачи на словенечката автомобилска индустрија, нагласи тој.
Тој објасни дека словенечката држава веќе поддржала две стратешки иницијативи насочени кон премин на автомобилската индустрија на електрична мобилност. Првата е мисијата GREMO (Green Mobility), која словенечката автомобилска индустрија ја воспостави како обврска за зелена и дигитална трансформација до 2030 година. Втората е стратешката намера потпишана во јули со групата Renault за производство на новата генерација на електричен twingo во фабриката Revoz во Ново место на југоистокот на Словенија.
“Се разбира, треба да се прашаме на каков начин ќе ги поддржиме индустриите кои поради тоа ќе се соочат со намалување на нарачките,” дополни државниот секретар.
Тој додаде дека во министерството во рамки на засилена комуникација со европскиот автомобилски екосистем, словенечките производители и клучните национални институции размислуваат за мерки со кои Словенија и покрај големата трансформација ќе ја засили својата позиција во автомобилската индустрија.
Министерскиот состанок се одржа во сенка на проблемите на европскиот автомобилски сектор, при што во неволја се наоѓа и германскиот гигант Volkswagen. Случувањата во германската автомобилска индустрија силно влијаат и на економиите на бројни други членки, вклучувајќи ја и Словенија. (26. септември)