“`html
Братислава – Во процесот на интеграција на украинските деца во словачките училишта се постигнаа позитивни промени. За ТАСР тоа го констатираше комесарот за деца Јозеф Миклошко. За основен чекор во нивната инклузија го смета тоа што од идната учебна година задолжителното школување ќе се однесува и на украинските деца кои живеат во Словачка. Оваа состојба ја предвидуваше и годинешната студија на Европската комисија (ЕК) со наслов “Интеграција на раселените деца од Украина во образовните системи на ЕУ 2023-2024”.
Миклошко истакна дека процесот на интеграција го гледа не како подобрување на постојниот систем, туку како создавање сосема нови пристапи и подржувачка инфраструктура. Клучната цел според него е, овие деца не само да го знаат словачкиот јазик и да се образуваат, туку и да можат да се чувствуваат полноправен дел од нашето општество со исти шанси во иднината.
“Ако ја занемариме оваа област, ризикуваме во иднината создавање на длабоки социјални проблеми,” предвиде Миклошко.
Разјасни и дека интеграцијата на украинските деца во словачките училишта го ангажмираше Одделот на комесарот за деца од почетокот на војната во Украина. Во Словачка според Миклошко интеграцијата опфати околу 30,000 украински деца, од кои приближно третина веќе посетуваа словачки училишта, додека многу се образуваа преку онлајн настава.
Специфични предизвици според Миклошко имаат, особено кога станува збор за младите луѓе постари од 16 години. “Во Украина на оваа возраст веќе се сметаат за возрасни, но кај нас сѐ уште не достигнале полнолетство, што создава специфични барања за нивната интеграција,” оцени.
Студијата на ЕК “Интеграција на раселените деца од Украина во образовните системи на ЕУ 2023-2024” истакна дека 23 земји-членки на ЕУ, кои одговориле на оваа анкета, мобилизирале поддршка за студентите, семејствата, наставниците и образовните институции на сите нивоа на образование и обука. Во март 2024 година добија привремена заштита во земјите-членки на ЕУ 4,2 милиони луѓе од Украина, од кои 1,3 милиони малолетни. Се проценува дека 700,000 деца беа запишани во училишта ширум ЕУ, од претшколско образование до повисоко средно образование.
Според споменатата студија во Белгија, на Кипар, во Естонија, Грција, Хрватска, Ирска, Литванија, Луксембург и Италија, школувањето е задолжително под исти услови како и за другите деца. Во Финска, Франција, Латвија, Унгарија и Малта е задолжително под одредени услови. Во Бугарија, Данска, Романија, во Словачка, Словенија и во Шведска записот не е задолжителен, но се воспоставени мерки за поддршка на школувањето. Полска планираше да воведе задолжителни запишувања од септември 2024 година, а постепеното воведување од 2025 година според извештајот на ЕК го подготвуваше и Словачка. (26 октомври)
“`