Братислава – Имајќи го предвид сложениот развој на јавните финансии во многу земји на Европската унија (ЕУ) и по позитивното искуство со функционирањето на независните фискални институции, владите на земјите членки одлучија да ја зајакнат нивната позиција преку измена на директивата, која би требало да биде пренесена во националното законодавство до крајот на ова година. ЕУ бара зајакнување на фискалните институции, особено во областа на независноста, пристапот до податоците и зајакнувањето на нивниот глас во управувањето со јавните финансии, изјави во средата претседателот на Советот за буџетска одговорност (СБО) Јан Тот, информира ТАСР.
СБО во Словачка ја врши улогата на независна фискална институција од 2012 година. Како што е основана со уставен закон, најдобриот и законодавно коректен начин според Тот би била измена на уставниот закон за буџетска одговорност.
“Таквата измена би можела да ја реши потребата за модернизација на долговната кочница содржана во уставниот закон, која беше предложена уште во 2020 година, но повторно остана заробена во Националниот совет на СР,” истакна шефот на СБО. Додаде дека кон Словачка се однесуваат неколку барања од европската правна регулатива.
“Директивата наредува, за именувањето на членовите на независната фискална институција да се спроведува транспарентен процес врз основа на нивните стручни способности во областа на јавните финансии, макроекономија или буџетско управување. За Словачка тоа би значело додавање во законодавството условот на јавна сослушување на кандидатите за член на советот и проширување на кругот на искуства во буџетско управување,” објасни Тот.
Независноста на фискалната институција треба дополнително да биде поддржана со експлицитна декларација во законодавството за забрана на членот на советот да прима упатства од владата или од друг јавен или приватен субјект. Треба да биде обезбедено и стабилно и соодветно финансирање на нејзините задачи кои произлегуваат од директивата, како и од домашната легислатива.
“Фискалните институции треба да имаат обезбеден навремен пристап до информациите потребни за извршување на своите задачи, така што други органи не можат да ја ограничат нејзината улога со непредоставување на информации, или одложувајќи го нивното доставување. Директивата наредува зајакнување на положбата на фискалните институции во создавањето или оценувањето на макроекономските прогнози употребени во буџетот,” констатира Тот.
Советот на ЕУ бара и воведување на принципот “почитувај или објасни”. Во таков случај, владите, ако не се согласуваат со ставот на фискалниот совет произлезен од утврдените задачи, треба во рок од два месеца да го објаснат својот став.
“Основната задача на независните фискални институции е поддршка на фискалната дисциплина, долгорочната одржливост и доверба на јавните финансии. Овозможено е тоа, така што независно од владата оценуваат владината фискална политика и изготвуваат сопствени фискални и макроекономски прогнози, кои во зависност од дадената земја, можат директно да влезат во буџетскиот процес,” објасни Тот. (19 март)