Стокхолм – Данскиот енергетски гигант Ørsted го укинува својот голем проект за е-метанол во Ерншулдсвик во северна Шведска.
Проектот, кој се нарекува Flagship One, требаше да стане најголемата постројка за е-метанол во Европа.
Почетокот на декември минатата година објектот беше во центарот на вниманието кога основачот на Microsoft Бил Гејтс објави дека неговата Breakthrough Energy, во соработка со ЕУ и Европската инвестициска банка, вложуваат повеќе од 1,3 милијарди круни.
Како причина за укинувањето на проектот, Ørsted во својот квартален извештај наведува дека пазарот за е-метанол во Европа се развива побавно од очекуваното.
Flagship One беше наменет да произведува 50.000 тони гориво без фосилно потекло за поморството со почеток во 2025 година. Според пресметките, тоа би ги намалило емисиите за 100.000 тони годишно.
(15 август)