Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

AFP, ANSA, BTA, CTK, dpa, EFE, LUSA, STA, TASR, Tanjug 

За вториот мандат на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници во четвртокот за време на првата парламентарна сесија по Европските избори кои се одржаа на почетокот на јуни. 

Фон дер Лејен беше повторно избрана во тајно гласање. Европскиот парламент има 720 места, но во моментов е составен од 719 членови, бидејќи шпанскиот европратеник Антони Комин сè уште не го преземал својот мандат. Потребното мнозинство за да се обезбеди втор мандат беше 360 гласа, од кои 284 гласаа „против“, 15 „воздржано“, а седум гласови беа прогласени за неважечки. Фон дер Лајен во 2019 година победи со мнозинство од девет гласа, а оваа година тоа беше значително поголемо. 

Успешниот реизбор да биде лидер на Комисијата праќа силен сигнал до ЕУ во период на војна и политичка нестабилност, поттикнати од зајакнувањето на екстремно десничарски партии. 

Со поддршката од ЕУ лидерите и Европскиот парламент, германската политичарка ќе мора веднаш да почне со избор на нејзиниот кабинет од еврокомесари, познат како „колеџ”, кој ќе работи на интересите на ЕУ во клучни области. Од средина на август, таа ќе почне да ги интервјуира кандидатите предложени од Европските влади. 

За време на вториот мандат таа најверојатно ќе мора да се соочи со растечка листа на проблеми, вклучувајќи ја и војната во Украина, ризикот на проширување на конфликтот на Блискиот Исток, тензиите во трговијата помеѓу ЕУ и Кина и можноста Трамп повторно да стане претседател на САД. 

Европратениците гласаа откако членката на Европска народна партија (ЕПП) ја претстави својата агенда за вториот мандат пред законодавците во Стразбур. 

Кои се целите на фон дер Лајен за вториот мандат? 

Во нејзиниот говор пред гласањето, германската политичарка ги наведе своите планови за вториот мандат со највисоката функција во ЕУ, фокусирајќи се на одбраната, индустријата и цените на становите. Предизборната кампања, исто така, вклучуваше и строги критики кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и конкретни планови за зајакнување на агенцијата на ЕУ за гранична и крајбрежна стража Фронтекс и намалување на емисиите на стакленички гасови. 

Поранешната германска министерка за одбрана се залага за „силна Европа“ во „период на длабока анксиозност и несигурност“. 

– Јас сум убедена дека Европа, силна Европа, може да се соочи со проблемите, изјави фон дер Лајен во нејзиниот говор во Европскиот Парламент. – Никогаш нема да прифатам дека демагозите и екстремистите го уништуваат нашиот европски начин на живот и денес стојам овде подготвена да ја водам борбата со сите демократски сили во овој дом, додаде таа. 

Таа вети да го зајакне Фронтекс, но и „целосно да ги почитува основните права“ и предложи за три пати да се зголеми бројот на припадниците на агенцијата. 

Во текот на нејзиниот говор таа, исто така повика, на „траен и итен“ прекин на огнот во Газа, со оглед на тоа дека огромен број на палестински цивили „ги изгубиле животите во одговорот на Израел на теророт на Хамас“. 

Таа, исто така, вети дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 90 проценти до 2040 година. Оваа цел е клучен чекор за постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година. Фон дер Лајен изјави дека „новиот чист индустриски договор ќе помогне да се намалат цените за струја“. 

Покрај тоа, таа исто така упати критики кон унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата посета на Москва и ја нарече „мисија за смирување“. Унгарија моментално го држи ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ. Фон дер Лајен минатата недела нареди високите претставници на ЕУ да не присуствуваат на бројните состаноци кои Унгарија требаше да ги одржи во новата улога и на нивно место да испратат пониски државни службеници. 

Успешни бројни недели на собирање поддршка 

Во текот на нејзиниот прв мандат, 65-годишната политичарка преживеа неколку кризи како што се пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина, но исто така се соочи и со контроверзии. 

Нанесувајќи ѝ удар еден ден пред гласањето, Сотуд на ЕУ пресуди дека таа не била доволно транспарентна во врска со договорите за набавка на вакцини против корона вирусот. 

Со недели фон дер Лајен преговараше со законодавците за да ги натера да ја поддржат, вклучувајќи ги и оние кои јасно се изјаснија дека немаат намера да ја поддржат. Таа одржа бројни состаноци со парламентарни групи, вклучително и социјалдемократската Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната група „Да ја обновиме Европа“, Зелените и Европските конзервативци и реформисти, но и со национални делегации, дури и индивидуални европратеници, со фокус на Зелените. 

За да биде избрана и требаа 360 гласачи. ЕПП, најголемата партија во Парламентот и нејзиниот центристички сојуз со социјалдемократите и либералите., теоретски имаше бројки за да ја реизбере фон дер Лајен. Сепак, но очекувањата беа дека некои пратеници од овие групи ќе гласаат против неа, додека некои пратеници од Зелените и Европските конзервативци и реформисти (ECR) би можеле да ја поддржат. 

– Моментално, фон дер Лајен се бори за секој глас. Работите не се јасни, бидејќи политичките партии може да се одлучат да ја поддржат, но тоа не значи дека секој европратеник не е слободен во ова тајно гласање да одлучи дали ќе ја поддржи Урсула фон дер Лајен или не, рече бугарскиот европратеник и член на ЕПП, Андреј Ковачев. 

Пратеник од либералната „Да ја обновиме Европа“ изјави дека глас за Фон дер Лајен „не значи бланко чек“. 

Иако гласањето е тајно, некои пратеници отворено го кажаа својот став. Италијанскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани рече дека неговата партија Форца Италија, која е дел од ЕПП, ќе гласа за Фон дер Лајен, откако таа ги презентираше нејзините политички насоки во четвртокот. 

Другиот заменик премиер и министер за транспорт, Матео Салвини, рече дека италијанската партија Лига, која е дел од новооснованите екстремно десни Патриоти за Европа, ќе гласа против неа. Карло Фиданза, шефот на делегацијата на Браќата од Италија (ФДИ) во ЕП, по гласањето изјави дека десничарската група гласала против фон дер Лајен. Италијанската премиерка Џорџа Мелони, лидер на Браќата од Италија и на Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) во Европскиот Парламент, е лута што нејзината група била исклучена од преговорите за високите позиции во ЕУ на крајот на јуни. 

Португалскиот екстремно левичарски Лев блок (БЕ), Комунистичката партија на Португалија (ПЦП) и екстремно десничарската партија Чега соопштија дека планираат да гласаат против Фон дер Лајен. Во изјава за португалски новинари на маргините на пленарната сесија во Стразбур, европратеничката Катарина Мартинс од Левиот блок ги наброја „воените прашања и мирот“, „срамниот“ пакт за миграција, како и пакетот за економско управување „што ветува повеќе штедење за Европа“ како оправдувања за гласањето против германската политичарка. Десничарските партии Народна партија (ПП) и Социјалдемократската партија (ПДС) информира дека ќе гласаат „за“. 

Иако зеленото светло за втор мандат на фон дер Лајен беше поздравено со пофалби од страна на многумина, како германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски, српскиот претседател Александар Вучиќ или словенчкиот премиер Роберт Голоб, некои членови на Европскиот парламент не реагираа толку сигурно. 

По гласањето, словенечката членка на ЕПП, Романа Томч, изјави дека фон дер Лајен никогаш не била нивниот избор, а Матјаж Немец од СД напиша дека реизборот не испраќа позитивна порака. Ирена Јовева од либералната „Да ја обновиме Европа“, од друга страна, очекува германската политичарка да ги одржи ветувањата. 

Жените на врвот на ЕУ 

Урсула фон дер Лајен е една од трите, а можеби наскоро и од четирите жени кои ги држат петте највисоки позиции во ЕУ. 

Малтешката политичарка од ЕПП, Роберта Мецола беше повторно избрана за претседателка на Европскиот парламент минатиот вторник за уште 2,5 години. 

Француската политичарка и адвокат Кристин Лагард ја држи позицијата на прва жена шеф на Европската централна банка и ќе остане во таа улога до 2027 година. 

Каја Калас, премиерката на Естонија во заминување, ќе ја преземе функцијата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност од Жосеп Борел. Нејзината номинација веројатно ќе биде ставена на гласање во Европскиот парламент на есен. 

Сторијата се објавува неделно. Содржината е заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.