Прага – Чешка нема да бара продолжување на исклучувањето од европската забрана за увоз на руски нафтени производи. Министерството за индустрија и трговија (MPO) денес го потврди информацијата на агенцијата Ројтерс за ЧТК. Важноста на исклучувањето ќе заврши на 5 декември. Забраната за снабдување на производи од руска нафта беше одобрена во рамките на санкциите кои Европската унија ги воведе на Русија поради нејзината агресија против Украина, исклучувањето од забраната добија покрај Чешка, исто така, Словачка и Унгарија.
“Во контекст на актуелната ситуација и чекори кои Чешка ги презема за обезбедување независност во увозот на нафта од Русија, ЧР не гледа причина зошто исклучувањето би требало да се продолжи,” изјави за ЧТК портпаролот на MPO Марек Вошахлик.
Чешка би требало да се ослободи од зависноста на руската нафта со проширување на нафтоводот TAL, кој од следната година ќе ја удвои капацитетот на нафта испорачувана во Чешка на осум милиони тони годишно. Во моментот, нафта тече во Чешка од два главни извора. Од лани увезените 7,4 милиони тони нафта протекоа околу 58 проценти преку нафтоводот Дружба, кој носи нафта од Русија. Друг дел од нафта доаѓа од германскиот нафтовод IKL, кој е поврзан со италијанскиот нафтовод TAL кој започнува во Трст.
Агенцијата Ројтерс посочила дека чешка ги добива руските нафтени производи особено преку доставите од словачката рафинерија Словнафт која е во сопственост на унгарската државна компанија MOL. Агенцијата цитираше предходни изјави на словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, според кои Словачка нема во блиско време да ги прекине доставите на нафта од Русија. Според Ројтерс, доставите од Словнафт чешка би можела да ги замени со увоз на нафтени производи од други земји по железница.
Компанијата МОЛ на средината на октомври предупреди дека поради крајот на исклучувањето, чешка може да се соочи со колебања во доставите на горива. Компанијата Орлен Унипетрол, која е единствен преработувач на нафта во Чешка, сепак наведе дека има обезбедено достави на нафта во доволни количини за одржување на континуитет на продукцијата и дека во случај на потреба е подготвена да го насочи производството за извоз на чешкиот пазар. (22 ноември)