by MIA | 31.Јул 2024 | Europe in brief
Мислам дека како што и амбасадорот на Европската делегација и сите амбасадори од нашите стратешки партнери на неколку наврати имаат посочено дека тоа е сериозен чекор, односно сериозна пречка пред нас која што ние треба да се нафатиме и залагаме да го решиме колку што е можно побрзо. Како што знаете, ние во предизборната кампања, зборувам сега како коалиција „Вреди“, нагласивме дека тоа е еден од клучните приоритети, а исто така тоа е влезено и во Програмата на Владата како приоритет, рече Муртезани.
by MIA | 30.Јул 2024 | Europe in brief
На 14 јули Владата ја усвои драфт верзијата со придружните елементи на Реформската агенда и таа е испратена до Европската комисија на внатрешна консултација. До 31 јули треба да добиеме повратни коментари за да може после Владата врз основа на тие коментари да ја усвои крајната верзија на Реформската агенда, изјави денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
by MIA | 29.Јул 2024 | Europe in brief
Дали оваа Влада би можела да постигне подобар договор? Јас лично многу се сомневам во тоа. Се разбира, тоа е прашање меѓу двете влади, но многу се сомневам дека тоа може да се постигне. И не гледам апетит во Брисел за повторно разгледување на преговарачката рамка, која е основа на преговорите. Како што велам, има решение на маса. Би било добро сега да напредуваме кон тоа решение, рече Гир.
by MIA | 28.Јул 2024 | Key Stories
Претседавањето на Унгарија со Советот на ЕУ е одбележано со контроверзност што ескалира после посетата на нгарскиот премиер, Виктор Орбан, во Русија и Кина. За возврат, претседателката на Европската омисија, Урсула фон дер Лајен, најави бојкот, додека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го блокира планираниот неформален состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана во Будимпешта.
by MIA | 24.Јул 2024 | Europe in brief
Со средствата од кредитот ќе се поддржуваат инвестиции во опрема која штеди енергија, како што е изолација, прозорци, топлотни пумпи и соларни панели, со што ќе се намалат емисиите стакленички гасови и трошоците за енергија.