by MIA | 23.Јул 2024 | Europe in brief
Амбасадорите на државите членки на ЕУ ја потврдиле својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразиле подготвеност за натамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.
by MIA | 22.Јул 2024 | Key Stories
Европскиот парламент во четвртокот ја реизбра германската конзервативна политичарка Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија. Таа доби нов петгодишен мандат како лидер на ЕУ откако првпат ја презеде функцијата во 2019 година.
by MIA | 17.Јул 2024 | Europe in brief
Договорот од Преспа имаше други слабости, но членот од Договорот од Преспа што се однесува на името, ерга омнес, името Република Северна Македонија за севкупна употреба, не е подложен на никакво оспорување или правно толкување. Тоа е името на земјата и никој не може да ја нарекува со друго име. Ова е нешто што апсолутно јасно му го ставив на знаење на премиерот на Северна Македонија за време на Самитот на НАТО дека се наоѓа на таа маса токму затоа што е потпишан Договорот кој во моментов не го почитува, рече Мицотакис
by MIA | 14.Јул 2024 | Key Stories
Точно 29 години по масакрот во Сребреница, Генералното собрание на ОН усвои Резолуција за геноцидот во Сребреница и прогласи Меѓународен ден на сеќавање и одбележување на жртвите. Гласањето се покажа контроверзно низ балканските земји, но ЕУ јасно го изрази својот цврст став со официјална изјава – „нема место“ во ЕУ за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница и се обидуваат „одново да ја напишат историјата“.
by MIA | 10.Јул 2024 | Europe in brief
Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.