by MIA | 02.Јул 2024 | Europe in brief
Секогаш сум бил многу јасен за овој договор што беше постигнат во јули 2022 година што резултираше со отворање на пристапните преговори и скрининг процесот. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета по изборите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, по денешната средба со Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање дали има шанса за промена на преговарчата рамка.
by MIA | 01.Јул 2024 | Europe in brief
Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Северна Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Северна Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Северна Македонија. Очекувањата не беа такви, рече Нимиц.