by MIA | 24.Јан 2025 | Europe in brief
Да не заборавиме, во една земја членка на ЕУ претседателските избори мораа да бидат откажани. Сето ова треба да не натера да се навратиме, да размислиме за тоа дека нашите демократии се под напад. Не сакам да споделам порака или да покажам загриженост, туку сакам да поттикнам реагирање, односно да укажам на тоа дека треба да согледаме кои се предизвиците со кои денес колективно сме соочени, рече амбасадорот Рокас.
by MIA | 23.Јан 2025 | Europe in brief
Премиерот веќе на двапати беше во Брисел во декември, така што има интензивна дипломатска активност во овој момент, меѓутоа, паралелно со овие дипломатски напори за надминување на прашањето со Бугарија, нашиот фокус ќе биде да се фокусираме на спроведување и испорака на реформите кои произлегуваат од Реформската агенда која неодамна беше усвоена од вашата Влада, нагласи евроамбасадорот.
by MIA | 22.Јан 2025 | Europe in brief
Од суштинско значење е да работиме во тандем. Мора да избегнеме дуплирање на постоечките структури и создавање нови бариери меѓу сојузниците. Тоа само ќе ги зголеми трошоците, ќе го комплицира производството и ќе ги попречи иновациите. Тоа не е во наш интерес, особено кога Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ја зголемуваат својата одбранбена индустриска соработка на навистина невидени нивоа, порача Шекеринска.
by MIA | 21.Јан 2025 | Europe in brief
Ратификацијата на оваа спогодба претставува дел од правната рамка со која што ќе се овозможи земјата да добие пристап до овие средства и да може да ги повлекува врз основа на исполнувањето на реформите кои се наведени во реформската агенда.
by MIA | 18.Јан 2025 | Key Stories
Во време кога војната на Русија во Украина продолжува да ја преобликува глобалната безбедност, лидерите на НАТО и ЕУ повикуваат на масовно зголемување на трошоците за одбрана. Меѓу нивните предлози се да се одделува поголем процент од БДП или, пак, ЕУ заеднички да се задолжи – а оваа дебата ги отсликува напорите на Европа да ги пополни дупките во своите одбранбени способности.