Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Северна Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка.

Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг

Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг

На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП (АФЕТ) се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски.

Радев: Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од Договорот од 2017, преговарачката рамка и протоколите

Радев: Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од Договорот од 2017, преговарачката рамка и протоколите

Уште еднаш сакам да ве уверам дека Бугарија како најблиска пријателска земја има желба, е подготвена и пружа рака да биде од помош за да може вашето раководство во државата и општеството со забрзан чекор да ги примени и спроведи Копенхашките критериуми., истакна Радев.

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Преземени се конкретни чекори како државата да се движи напред кон полноправно членство, но таа политичка бариера од Бугарија постои, бидејќи овие мерки ја движат напред земјата кон полноправно членство во ЕУ, но никако не можат да го заменат процесот на отварање на преговори, порача Муцунски.