Трајков: Планот на ЕУ за раст на Западниот Балкан ќе поттикне обликување на иднината за следните генерации
Идеите ги поврзуваат нашите луѓе, правејќи го регионот поинтегриран и посилен и покрај предизвиците што претстојат, порача Трајков.
Идеите ги поврзуваат нашите луѓе, правејќи го регионот поинтегриран и посилен и покрај предизвиците што претстојат, порача Трајков.
Најефикасен начин да се заштити Западен Балкан е да се врати пристапувањето базирано на кредибилитет и заслуги, засновано исклучиво на Копенхагенските критериуми. Тоа подразбира ставање крај на билатерализацијата на интеграцијата, што ја намалува отпорноста на регионот и на Европа, рече Сиљановска-Давкова.
Со усвојувањето на Реформската агенда ние како Влада се обврзавме на темелни реформи во владеењето на правото, ефикансоста на јавната администрација, дигитализацијата и енергетската отпорност. Тоа не се апстрактни поими, туку конкретни чекори, кои ќе донесат подобар квалитет на животот на граѓаните, рече Муртезани.
Имајќи ги предвид сѐ почестите закани од беспилотни летала и други технологии, Европа го преиспитува своето влијание на бојното поле. Подготвена ли е ЕУ за технолошка војна?
Со EES, Европската Унија има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами, да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција, да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки, да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати.