Братислава – Коалиционите и опозиционите претставители се согласија дека отфрлаат испраќање на словачки војници во евентуална мировна мисија во Украина, за која размислуваат неколку земји од Европската унија, но се разидуваат при придонесите за помош на Украина во рамките на ЕУ. Претседателот на СР Петер Пелегрини информираше за тоа по средбата во средината на неделата, која ја свика по тема одбрана и безбедност. За зголемување на трошоците за одбрана претседателот сака да разговара понатаму со претставниците на парламентарните партии. Средбата во истиот формат треба да се повтори уште пред јунискиот самит на НАТО во Хаг, информира ТАСР.
„Мило ми е што се согласивме сите дека Словачка нема да испрати во Украина никакви војници, било да се во мировна или каква било мисија, и дека зголемувањето на трошоците е голема тема, со која ќе се занимаваме дополнително,“ констатираше претседателот. При одбранбените трошоци понатамошната дискусија треба да се однесува не само за обемот на средствата, туку и темпото, како би можеле да растат и што треба да вклучуваат. Негативниот став на Словачка кон испраќањето војници во Украина го објасни зошто Словачка, за разлика од другите земји на ЕУ, не ја покануваат другите земји на самитите на т.н. коалиција на подготвените земји.
Учесниците на средбата се согласија за потребата од зајакнување на европскиот столб на Северноатлантската алијанса. Согласни се дека ако САД понатаму не сака да делува во НАТО или сака да го ограничи своето делување, Словачка мора да биде дел од евентуален нов самостоен европски безбедносен модел.
Ставовите на коалицијата и опозицијата сепак се разликуваат по прашањето за придонесот за помош на Украина во рамките на Европската унија.
„Додека коалицијата јасно дава до знаење дека Словачка не треба доброволно да придонесува во овој пакет со дополнителни финансиски средства, некои опозициски политички партии изразуваат став дека Словачка би можела да направи повеќе за Украина и значајно да и помогне,“ ја оценува ситуацијата Пелегрини.
Претседателот го оцени конструктивниот тек на средбата. Одбраната и безбедноста ги смета за стратешки теми, за кои е потребно да се разговара низ политичкиот спектар. Средбата ја аргументираше и со напорот да се претстави поширок став на состаноците на НАТО, бидејќи некои одлуки ќе имаат ефект над повеќе од еден изборен период. Учество имаа политичките партии Смер-СД, Хлас-СД, СНС, ПС, КДХ и САС. Освен лидерите на политичките партии на средбата беа поканети и министерот за одбрана Роберт Калињак (Смер-СД) и началникот на Генералниот штаб на Вооружените сили на СР Даниел Змека. (26. март).