Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Струмица – Северна Македонија заедно со Португалија, Шпанија, Италија, Холандија, Германија и Грција работат на тригодишен проект за знаења во зелената и дигиталната транзиција “SEBCoVE-Smart Electricity for Buildings”, финансиран од Европската комисија со вкупен буџет од 3, 7 милиони евра.

Според директорот на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Ѓоко Камчев, во проектот се вклучени 19 партнери, од кои 16 се од земјите членки на ЕУ, а три од земјава.

– Овој проект има за цел да ни даде еден правец во рамките на енергетската ефикасност и паметната електрична енергија за згради. Со проектот до крајот на годината ќе биде отворен Центар за обука, односно за стручна извонредност, кој ќе се наоѓа во рамките на Југоисточниот плански регион и во него ќе се вршат обуки за компании, ученици и студенти и ќе бидат ангажирани експерти за да дадат поттик како објектите, и во јавниот и во приватниот сектор, да се градат и да бидат побезбедни, изјави Камчев во обраќањето на панелот во Струмица, на кој присуствуваа и партнерските организации на SEBCoVE проектот – Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Сојуз на стопански комори на Македонија и Емкице КИЦ, како и градоначалници и стопанственици од регионот.

За Илија Вучков, директор на Емкице КИЦ, добро е што во проектот се вклучени оартнери од три сектоеи – јавниот, приватниот и академскиот.

– Проектот помага да се зголемат знаењата и вештините за новите технологии кои се веќе на пазарот. За нас е многу значајно што се вклучува и академската заедница во тренинг центарот во Југоисточниот плански регион заради едукација и сертификација на младите за нивно следно вработување. Со тоа тие се кадар кој може да најде вработување било каде, но ние сакаме да останат тука, рече Вучков.

Трипартитна соработка на академскиот, јавниот и приватниот сектор е концептуална рамка щто ја претставува интеракцијата и интеграцијата на три клучни комппоненти: образование, истражување и иновации. Овој модел ја нагласува меѓусебната поврзаност и меѓусебното зајакнување на овие елементи за да се поттикне економскиот раст, општествениот напредок и создавањето економија базирана на знаење. (27 март 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.