Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворање на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на ЕУ во тој дел, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Прашан за ставот на американскиот Стејт департмент за политичко мешање во правосудството, Османи нагласи дека уште еднаш, прашањето на отворање на поглавја станува клучно, не само за општата перспектива на државата, туку и за внатрешните процеси.

Пробавме се, со најдобрите закони. Верувајте нема подобри закони и порадикални закони, како што се нашите во делот на правосудството. Мислам дека нема друга земја каде што има единствена точка на влез во судството и обвинителството, освен преку Академија. Дури и земји членки на ЕУ се вратија од таквата одлука, бидејќи е премногу радикално решение, но еве проблемите се тука, изјави Османи, одговарајќи на новинаркси прашања на денешната прес конференција во МНР.

Единствено решение е ЕУ, нагласи Османи, посочувајќи дека политичарите кои зборуваат за борба против корупција, реформи и доверба во судството, а од друга страна го попречуваат отворањето на Поглавјето 23 и 24, е чиста демагогија, популизам и политиканство.(2 јули)

Маричиќ: Со шпанското претседателство нов исчекор и динамика во преговорите со ЕУ до крајот на годината
Скопје – До крајот на годината нов исчекор и динамика во преговорите со ЕУ, со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во пораката по повод преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Шпанија.

Денеска започнува шестмесечното претседавање на Кралството Шпанија со Советот на ЕУ, време во кое имаме уште многу да направиме за поуспешна и пообединете Европа со земјите од Западен Балкан. Пораките од шпанскиот премиер, Педро Санчез Перез, при неговата посета на Скопје и мотото „Европа, поблиску“, под кое Кралството Шпанија ќе претседава со ЕУ се потврда за нивната посветеноста на политиката на проширување и фокусот на забрзаната интеграција на Западен Балкан.
Четирите приоритети, меѓу кои е и прашањето за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, се однесуваат на реиндустријализација на ЕУ и обезбедување на нејзината стратешка автономија, на еколошката транзиција и на поголема социјална и економска правда, пишува Маричиќ.

Тој искажува благодарност на Шпанија, како наш искрен децениски поддржувач и партнер на патот кон ЕУ, со што, како што наведувам, успешно го продолживме почетниот пробив во преговорите со ЕУ и го вративме ентузијазмот кај македонската администрација преку скрининг процесот.

Сега очекуваме одржување на темпото и поголем напредок кон ЕУ, со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, „Фундаментални вредности”. (1 јули)

Синдикатите бараат инфлацијата да биде основниот параметар за усогласување на платите

Скопје – Претставниците на синдикатите изјавија дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет не е постигнат договор со Владата за методологијата за усогласување на платите. Предлогот на синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите. Синдикатите бараат и враќање на платите на функционерите, а зголемувањето да биде исто за сите.

Тоа што ние предложивме е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите, рече во изјава за медиумите претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој рече дека нијанси се во прашање, меѓутоа тие нијанси се навистина големи за навистина да се далеку од решение, но рече дека има поместување од „мртва точка“ од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози и забелешки (3 јули)

Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поиврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација. Се објавува секој понеделник и четврток.