Стокхолм – Строга миграциска политика е апсолутно неопходна за да се справат со други тешки прашања во Европа, вели премиерот на Шведска Улф Кристерсон пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел на крајот од неделата.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен пред самитот им прати писма на лидерите на ЕУ. Таа најавува законски предлози кои ќе го зголемат притисокот врз мигрантите да се вратат ако не останат во ЕУ. И повторно да се истражи дали е можно да се изградат посебни центри за азил надвор од границите на ЕУ.
Писмото е одговор на барањата за потешка ангажираност во азилната политика од многу земји членки, вклучувајќи ја и Шведска.
Неделава Полска објави дека привремено сака да го отстрани правото за азил и прашањето се очекува да се разгледа на самитот. Полска ги обвинува Русија и Белорусија дека испраќаат мигранти преку границата во хибриден напад за да се обидат да ја дестабилизираат ЕУ.
Улф Кристерсон ја разбира како постапил Полска и отвора можности за потребата да се коригира правото за азил.
“Правото на азил не е адаптирано за држави како Русија да ‘инструментализираат’ мигранти и намерно да ги поместуваат преку границите во соседни земји. Мора да имаме храброст да ги разгледаме прашањата за азил од геополитички агол кој е поинаков денес од оној кој беше по Втората светска војна”, вели тој пред самитот.
(15 октомври)