БЛАГОЕВГРАД/РУСЕ – Бугарија и Романија станаа полноправни членки на Шенген на полноќ на 1 јануари. На граничниот контролно-пропусен пункт (ГКПП) „Дунав мост“ кај Русе, внатрешните министри на двете држави – Атанас Илков и Каталин Предоју, ја пречекаа новата година и симболично го подигнаа бариерата на пунктот. На церемонијата Илков изјави декаприклучувањето на Бугарија и Романија кон Шенген е историски успех, постигнат заеднички на база на довербата.
Бугарија и Романија завршија проект од значење не само за двете држави, туку и за Европа, рече Каталин Предоју.
Приемот на Бугарија во Шенгенското подрачје е историски настан, плод на напорите на многу луѓе, изјави бугарскиот технички премиерДимитар Главчев, кој провери како се одвива преминувањето преку ГКПП „Кулата“ во првиот ден од полноправниот прием на Бугарија и Романија во Шенген. Од Грција до Финска – најсеверната точка, и Португалија – најзападната, може да се преминува без граница, рече Главчев.
Олабавувањето на граничната контрола ќе ја направи Европа уште посилна и просперитетна, напиша бугарскиот еврокомесар Екатерина Захариева во својот профил на Фејсбук.
Бугарија не е само привлечна дестинација, Бугарија е безбедна дестинација, а за туризмот тоа е исклучително важно, рече техничкиот министер за туризам Евтим Милошев пред новинарите на ГКПП „Кулата“.
Директорот на Главната дирекција „Гранична полиција“ гл. комесарАнтон Златанов коментира декаќе биде создадена нова организација за проверка на преминувачките возила преку пунктовите со Романија и Грција. Ќе работиме во 30-километровата гранична зона, објасни Златанов и додаде дека таму ќе има гранични полицајци за проверка на возилата по методот „анализа на ризик“.
Извршниот директор на Националната агенција за приходи (НААП) Румен Спецов увери декаќе биде засилен контролот на местата на растоварување на стоките. Службениците на НААП веќе нема да бидат на самите пунктови, туку во внатрешноста на земјата, нотоа на никаков начин нема да го намали нивото на безбедност на проверката, рече тој.
Подготвени сме да воведеме вештачка интелигенција, која да ни дава информации што преминува преку територијата на земјата, рече пред новинарите директорот на Агенцијата „Царини“ Георги Димов. Со помош на скенер, обучени кучиња и заеднички тим од претставници на надзорните институции ќе се извршуваат прегледи и проверки на возилата на случаен принцип или по подаден сигнал, рече тој.
Одлуката за олабавување на проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија од 1 јануари 2025 година беше донесена од Советот на ЕУ на 12 декември минатата година, на крајот на унгарското претседателство. Таа се однесува на проверките на границите на Бугарија со Грција и Романија, и на Романија со Бугарија и Унгарија. Од 31 март 2024 година отпаднаа проверките на воздушните и морските бугарски и романски шенгенски граници со одлука, прифатена на крајот на шпанското претседателство во 2023 година. (1.01.2025 г.)